Реформи

Дескоска: Нов модел на Антикорупциска комисија

03.07.2018 13:09

Законот треба да се спроведува, а не да се толкува, препорака на јавната дебата за реформи во правосудството, неопходни за преговорите со Унијата наредната година. Ресорната министерка Дескоска најави нов модел на Aнтикорупциската комсија...

Антикорупционери според нови критериуми, Антикорупциска во ново руво, најавува министерката за правда Рената Дескоска. Таа посочи дека работната група треба да дефинира модел на експертска комисија ослободена од политички влијанија.

Додаде дека дилемата било дали е корисно да се формира Антикорупциска на краток рок според сегашните закони или пак, да се формира комисија која ќе нема капацитет. Нејзиниот пристап е, како што рече, да има суштински измени, бидејќи судството е еден од клучните фактори во борбата против корупцијата.

Искуството го сподели и пензионираната врховна судијка, Милка Ристова. Според неа, судиите треба сами да се спротивстават на притисоци. Вели, погубно е што судиите никогаш не пријавуваат притисоци, иако тие се најмоќната власт и никој не може да ги преиначи нивните одлуки.

Министерката за правда вели дека официјално сѐ уште не е добиена пресудата од грчкиот Врховен суд против екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски. Според Дескоска, после анализата е утврдено дека има точки според кои може да се спори и кои се во корист на барањето на Македонија.

 

Фиљана Кока