ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја уништува Македонија на меѓународен и на домашен план

03.07.2018 13:15

Потпишан е штетен договор со Грција во кој земјава е оштетената страна. Економијата е на дно повеќе од една година, нема раст, граѓаните живеат лошо, тврдат во ВМРО- ДПМНЕ.

Заев ја уништува Македонија на меѓународен и на домашен план, вели ВМРО- ДПМНЕ. Прифати обезличување на сопствената држава и народ, промена на Уставот, идентитетот и јазикот, дополнуваат во оваа партија.

Потпишан е штетен договор со Грција во кој земјава е оштетената страна. Економијата е на дно повеќе од една година, нема раст, граѓаните живеат лошо, тврдат во ВМРО- ДПМНЕ.

Според партијата, земјоделието е еден од најпогодените сектори од ураганот наречен СДСМ.