Политика

Пратенички прашања во Собранието

26.07.2018 16:09

Во Собранието, сесија за пратенички прашања. Од опозицијата прашуваат дали ќе се зголеми економскиот раст, капиталните инвестиции се поразителни, констатираат пратениците. Забележуваат дека има пад на сузбивање на корупцијата, но и намалена јавна безбедност. Премиерот Заев со одговор, правиме сѐ да ги зголемиме економските параметри. Политичката криза е зад нас, но преку ноќ резултати не може да се постигнат...

За премиерот Заев и министрите, пратенички прашања од економија до екологија. Според ВМРО-ДПМНЕ, разочарувањата од владеењето на СДСМ се зголемуваат. Слаби резултати во економијата, нема капитални инвестиции, заложбите за борба против корупцијата само декларативни – констатираше пратеникот Влатко Ѓорчев.

Премиерот Заев очекува зголемување на економскиот раст. Тврди дека иако политичката криза е зад нас, оставила траги во економијата. Премиерот категоричен- ќе се бориме против корупцијата сѐ додека целосно не ја искорениме.

Дел од прашањата и за инвестициите. Пратениците прашаа, зошто мал број фирми на етнички Албанци добиле пари од фондот за иновации, констатираа дека нема градинки во одредени општини, но и дека термоелектраната Осломеј кога работи, загадува.

Премиерот Заев пред пратениците објасни дека неговите фирми не конкурирале за пари во Фондот за иновации, но тоа го сториле комерцијалистите во фирмите на вицепремиерот Анѓушев. Тоа не е грев рече тој, додавајќи дека законот дозволува, но некогаш етиката е поважна од законите.

 

Миле Ристески