Хан уверен дека в година ќе почнат преговорите

27.07.2018 17:12

Хан очекува подготвителната работа да финишира за 14 месеци, а целта како што вели, е да се добие зелено светло од сите земји членки доколку се исполнат поставените услови. Македонија се обврза да спроведе реформа во безбедносните служби, администрацијата и борбата против криминалот.

Еврокомесарот Јоханес Хан е уверен дека Македонија и Албанија ќе ги почнат преговорите за членство во ЕУ идната година. Ова го изјави за европскиот весник „Политико Европа“. Хан очекува подготвителната работа да финишира за 14 месеци, а целта како што вели, е да се добие зелено светло од сите земји членки доколку се исполнат поставените услови. Македонија се обврза да спроведе реформа во безбедносните служби, администрацијата и борбата против криминалот. Хан се согласува со ставот на францускиот претседател Макрон дека Унијата треба одвнатре да се реформира, но смета дека овој процес може да тече паралелно со преговорите на западнобалксанските земји за членство.

„Мојот став е можеби малку поразличен од оној на претседателот Макрон. Можеби ќе можеме да го убедиме дека двата процеси треба да течат паралелно. Граѓаните на земјите од Западниот Балкан имаат право да станат европски граѓани. ЕУ се соочува со избор дали ќе извезува стабилност во регионот или ќе увезува нестабилност во ЕУ“- вели еврокомесарот Хан.

Хан предупредува дека Европската унија утреба да внимава на стратегискиот концепт на Кина, затоа што, како што наведе, земјите што еден ден ќе бидат членки на Унијата би можеле да станат „тројански коњи“ на Пекинг поради се позачестените кинески инвестиции. Како пример ја наведе изградбата на автопатот во Црна Гора финансиран од Кина.

 

Анита Димитријевска