Денеска можна одлука за референдумот
Нема официјални информации дали има некаков договор меѓу власта и опозицијата, особено за референдумското прашање, а според неофицијалните информации се е оставено на договор на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски...

Ќе биде ли денеска распишан редерендум за името, ќе се знае по редовната понеделничка средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи.
Јавноста ја очекува и одлуката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј координатор не учествува на овие средби. Нема официјални информации дали има некаков договор меѓу власта и опозицијата, особено за референдумското прашање, а според неофицијалните информации се е оставено на договор на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.
Според Законот, доколку биде изгласана одлуката, прв можен термин за одржување на референдумот е 30-ти септември. Власта и опозицијата сѐ уште немаат договор за карактерот и за прашањето.
Премиерот Заев смета дека референдумот треба да биде консултативен, а како можно прашање го посочи – Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека референдумот треба да биде спроведен според Уставот и европските принципи.
