Членовите на ДИК стапуваат на функција

30.07.2018 10:17

Партиите се договорија привремениот состав на ДИК да биде избран по стариот модел, односно со членови предложени од партиите со најмногу освоени гласови на последните избори.

Денеска во Собранието на Република Македонија свечени изјави ќе дадат новоизбраните членови на привремениот состав на Државната изборна комисија која треба да го организира есенскиот референдум за името.

За членовите на ДИК гласаа пратениците од сите партии, а седницата се одржа по деблокирањето на процесот на лидерската средба во минатиот понеделник.

Партиите се договорија привремениот состав на ДИК да биде избран по стариот модел, односно со членови предложени од партиите со најмногу освоени гласови на последните избори.

Претседателот на комисијата Оливер Дерковски во петокот рече дека првите активности на Комисијата ќе бидат нејзиното конституирање, а потоа и спроведувањето на референдумот за името.

Дерковски, кој на чело на Комисијата доаѓа на предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вели дека членовите на ДИК во оваа ситуација не можат да заземаат политички ставови туку треба да ги почитуваат законите и Уставот.