Трет обид Димитров да реферира за надворешната политика

30.07.2018 10:20

Седницата на оваа комисија беше неколкупати одложувана. Последното продолжение требаше да се одржи во четвртокот, но седницата беше одложена за в понеделник.

Во Законодавниот дом седници имаат закажано Комисиите за надворешна политика, за култура, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно- правната комисија.

Комисијата за надворешна политика треба да ја продолжи седницата на која е најавено излагањето за остварување на меѓународната политика на шефот на дипломатијата Никола Димитров. Седницата на оваа комисија беше неколкупати одложувана. Последното продолжение требаше да се одржи во четвртокот, но седницата беше одложена за в понеделник.

Претседателот на комисијата Антонијо Милошоски тогаш рече дека седницата ќе продолжи со работа кога пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат ќе ги добијат класифицираните материјали од две лидерски средби одржани кај претседателот на Република Македонија.

Тој информираше дека пратениците со писмо ќе ги побараат овие материјали кои, според него, се наоѓаат кај генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова.