Тимотеј: Одлуката на Вселенската патријаршија го отвора патот за признавање на МПЦ-ОА

06.09.2018 10:40

Тоа ќе значи дека МПЦ ќе биде призната од најголем дел од православните цркви како рамноправна православна црква, која ќе може да сослужува и ќе може да комуницира на рамноправна основа, а дали ќе биде СПЦ или некоја уште со неа согласна или не, тоа не треба да не вознемирува- вели владиката Тимотеј...

Одлуката на Вселенската патријаршија да може да објавува автокефалност на црквите и без согласност на останатите помесни православни цркви, го отвора патот за признавање на Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија, оценува митрополитот дебарско- кичевски и плаошки, Тимотеј.

Тоа ќе значи дека МПЦ ќе биде призната од најголем дел од православните цркви како рамноправна православна црква, која ќе може да сослужува и ќе може да комуницира на рамноправна основа, а дали ќе биде СПЦ или некоја уште со неа согласна или не, тоа не треба да не вознемирува зашто ова не го решаваме ние, туку го решава Вселенската патријаршија која е прва по чест, но не само по чест, туку има и некоја власт ако си прв- вели Владиката Тимотеј во изјава за Радио Слободна Европа.