Шилегов и Зеќири ќе сведочат за собраниските настани од 27-ми април

06.09.2018 10:42

На денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани сведоци, меѓу кои Петре Шилегов и Мухамед Зеќири.

Со сослушување сведоци предложени од обвинителството, во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судскиот процес за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27-ми април минатата година.

На денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани сведоци, меѓу кои Петре Шилегов и Мухамед Зеќири.

На минатото рочиште сведочеа Дамјан Манчевски, Фросина Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски.

Обвинетите во случајот за настаните од  27 април се теретат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие пред судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.