Столтенберг од Скопје заминува за Атина

06.09.2018 10:50

Според соопштението од НАТО, генералниот секретар денеска и утре ќе биде во Грција, а вечер ќе се сретне со Ципрас.

Генералниот секретар на НАТО по средбите во Скопје заминува за Атина, каде што вечер ќе има работна вечера со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Според соопштението од НАТО, генералниот секретар денеска и утре ќе биде во Грција, а вечер ќе се сретне со Ципрас.

Од кабинетот на грчкиот премиер соопштуваат дека Алексис Ципрас утре ќе се сретне и со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, кој е во работна посета на Атина