Осумнаесет мигранти пронајдени во неготинско
Возачот А.Н. (19) и совозачот Л.С. (18), двајцата од село Слупчане, општина Липково, се обиделе да избегаат, но набргу биле фатени, лишени од слобода и приведени во Полициската станица, заедно со мигрантите, за понатамошна постапка.

Синоќа, околу 21.00 часот на автопатот Неготино-Г радско, во близина на место викано Црвени Брегови, било запрено товарно возило „Форд- Транзит“ со скопски регистарски ознаки и во него биле пронајдени 18 лица- илегални мигранти од Авганистан.
Возачот А.Н. (19) и совозачот Л.С. (18), двајцата од село Слупчане, општина Липково, се обиделе да избегаат, но набргу биле фатени, лишени од слобода и приведени во Полициската станица, заедно со мигрантите, за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесени соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР.
