Грант од Владата за проектот „Википедија за млади“

06.09.2018 12:10

Национален младински совет денеска доби грант од околу 10 илјади евра за реализација на проектот „Википедија за млади“ која содржи девет поглавја за истражување...

Конечно ќе можеме да учествуваме во мониторирањето на политиките и да дадеме сопствен придонес во она што значи младинска политика, изјави првиот човек на Националниот младински совет, Блаже Малевски. На организацијата ѝ е доделен грант од 10 илјади евра за спроведување на проектот „Википедија за млади“, која содржи 9 поглавја за истражување.

Парите ги обезбедија Влада, Националната агенција за европски образовни политики и мобилност, Канцеларијата на Европската унија.  

Редно е да овозможиме услови за младите да можат да ја градат сопствената иднина дома, во нашата Македонија, изјави премиерот Заев.  

 

Александра Спировска