Отворена изложбата на ДЛУМ „Цртеж – Експериментален цртеж“
Изложбатае традиционална и е дел од Годишната програма на ДЛУМ...
Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерството за култура ја отвори изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“ во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ, која што љубителите на уметноста ќе може да ја разгледаат до 30-ти април.
Изложбатае традиционална и е дел од Годишната програма на ДЛУМ.
„Цртежот е стар начин на изразување колку и самиот човечки род. Првата повлечена црта беше знак за нов израз на преживеаните слики, беше крик. Понатаму низ историјата на уметноста се развиваше како самостоен израз кој нудеше нови перспективи, нови сознанија. Убавината на една линеарна композиција, естетската едноставноста, но и комплексноста на линиите, на површините и јасното владеење на перспективите ја прави возбудлива техника со богати можности – цртеж“, велат од ДЛУМ.
На изложбата учество земаа 31 автор од членството на ДЛУМ.
