Регион
Косовски автобус се преврте во Србија, има повредени
12.01.2022 11:04
Според српските медими, несреќата се случила синоќа околу 22 часот откако автобусот излетал од патот и се превртел...

Најмалку 11 лица се повредени откако се преврте автобус на „Житиа турс“ кај местото Велики Купци во близина на Крушевац, Србија.
Според српските медими, несреќата се случила синоќа околу 22 часот откако автобусот излетал од патот и се превртел. Се претпоставува дека патниците се претежно од Косово и Метохија бидејќи автобусот сообраќал на релација Приштина – Грац.
Повредените патници биле транспортирани во болницата во Крушевац.
