свет

Жртви во несреќа во затворен рудник за јаглен во Индија

02.02.2022 09:48

Екипите ги пронашле телата на четирите жени и мажот, а трагаат и по неколкумина исчезнати.

Петмина загинаа при незаконско копање во напуштен рудник за јаглен во источна Индија. Екипите ги пронашле телата на четирите жени и мажот, а трагаат и по неколкумина исчезнати.

Рудникот во областа Данбад бил затворен пред 15 години. Лани во слична несреќа загинаа шестмина рудари. Во 2018 година, обидот за незаконско вадење јаглен заврши трагично за 15 лица.