Ковид-19

Норвешка ќе ги укине останатите мерки против ковид-19

02.02.2022 10:09

Слична одлука и во Франција откако „Фајзер“ објави дека ќе бара итно одобрување во САД за употреба на вакцина против Ковид-19 за деца на возраст од шест месеци до 4 години.

Норвешка ќе ги укине останатите мерки против ковид-19. Во декември оваа скандинавска земја делумно се затвори поради ширењето на Омикрон. Слична одлука и во Франција откако „Фајзер“ објави дека ќе бара итно одобрување во САД за употреба на вакцина против Ковид-19 за деца на возраст од шест месеци до 4 години.

Во француските училишта само 4 отсто од децата на возраст од 5 до 11 години се вакцинирани. Претходно Данска ги укина речиси сите мерки воведени во пандемијата. Според СЗО, подваријанта на Омикрон е откриена во 57 земји.