свет
Турската авијација ракетираше позиции на Курдите во Ирак и Сирија
02.02.2022 10:51
Од турското МНР тврдат дека операцијата била насочена кон единиците на Работничката партија на Курдистан.

Турската воена авијација ракетираше позиции на Курдите во Ирак и Сирија. Од турското МНР тврдат дека операцијата била насочена кон единиците на Работничката партија на Курдистан која има бази во Ирак, како и кон сириските Курди кои Турција ги смета за терористи.
ПКК ја почна борбата против турската држава во 1984 година. Во битките загинаа над 40 илјади луѓе.
