Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струмица стартува со подготовките за настапот во ЦЕВ Златната Европска лига 2025. Селекторот Јошко Миленкоски повика 16 репрезентативци на чии услуги ќе смета на првата акција летово.
Останати спортови
Блог вести
-
Останати спортови 14.05.2025 10:55
-
Останати спортови 13.05.2025 14:03
Министерството за спорт покровител на ММА спектакл во Скопје
Министерството за спорт ќе биде главен покровител на силниот Меѓународен турнир најавен како големиот спектакл во ММА борби што ќе го организира Македонската ММА федерација на 6 септември годинава во Скопје.
-
Останати спортови 22.04.2025 10:22
Дуплантис ја освои наградата „Лауреус“ за 2024 година
Скокачот со стап Арман Дуплантис и гимнастичарката Симон Билс се прогласени за спортисти на годината – „Лауреус“ за 2024 година.
Доделувањето на наградите се одржа вчеравечер во Мадрид.
-
Останати спортови 06.03.2025 13:33
Специјална олимпијада на Македонија во приоритетите на Министерството за спорт
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска во Министерството за спорт организираше прием за македонските атлети и за делегацијата од Специјална Олимпијада на Македонија пред нивниот настап на Специјални Олимписки Светски Зимски Игри – Торино 2025, кои ќе се одржат од 7 до 16 март 2025 година.
-
Останати спортови 27.02.2025 13:37
Втор ден од 41. Шарпланински куп
Втор ден од 41. Шарпланински куп и повторно две слаломски трки. Познати се најдобрите кои ќе ги добијат специјалните награди, малите шарпланинци.
Известува Горан Милковски.
-
Останати спортови 26.02.2025 13:40
По 12 години, 41.Шарпланински куп
На Попова Шапка, повторно меѓународни натпревари како некогаш. По пауза од 12 години, Скијачката федерација на Македонија го возобновува Шарпланинскиот куп. Најстарата скијачка манифестација на Балканот денеска и утре се одржува по 41. пат.
-
Останати спортови 24.02.2025 09:41
Историска победа за Шифрин во Светскиот куп
Американката Микаела Шифрин се запиша во историјата на алпското скијање, откако ја забележа победата број 100 во Светскиот куп.
Шифрин до историското достигнување дојде на 29 годишна возраст со триумфот во слалом во Сестриере, Италија.
-
Останати спортови 12.02.2025 09:30
На Светско првенство во алпско скијање, Македонија ќе ја претставуваат пет скијачи
Нашите овогодишни претставници на престижното ФИС Светско првенство во алпско скијање се Јана Атанасовска, Мирко Лазарески, Виктор Петков, Данило Илев и Јаков Добрески се, кое ќе се одржи од 12 до 16 февруари 2025 година во Салбах, Австрија.
-
Останати спортови 10.02.2025 09:21
Супербол: Филаделфија Иглс го победи Канзас Сити
Филаделфија ја прекина серијата од два трофеи по ред на Канзас Сити во Супербол и ја освои својата прва титула во НФЛ од 2017 година.
Педесет и деветтиот Супербол се одржа во Њу Ореланс. Иглс победија со 40:22 и стигнаа до својот втор трофеј во ова натпреварување.
-
Останати спортови 06.02.2025 14:10
Австријката Вениер го освои златниот медал во супер-џи
Австријката Стефани Вениер ги воодушеви домашните фанови на Светското првенство во алпско скијање во Залбах, го освои златниот медал во супер-џи.








