Културната манифестација „Гола месечина“ и годинава ќе се одржи во паркот „Авионче“ во Општина Аеродром.
Тридневната фестивалска програма, од 25 до 27 септември, ќе понуди разновидни културни и забавни содржини за посетителите од сите генерации.
Културната манифестација „Гола месечина“ и годинава ќе се одржи во паркот „Авионче“ во Општина Аеродром.
Тридневната фестивалска програма, од 25 до 27 септември, ќе понуди разновидни културни и забавни содржини за посетителите од сите генерации.
Со проекција на филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска вечерва во Тирана започнува Интернационалниот филмски фестивал во Тирана, на кој годинава ќе бидат претставени пет македонски филмови во рамките на специјалната програма „Фокус на современиот македонски филм“.
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ денеска продолжува со проекции од повеќе фестивалски програми, работилница, панел-дискусија и промоција на книга од авторот Антонио Митриќески.
Зеленилото во селото Кучково денеска и утре ќе биде домаќин на првото издание на фестивалот за електронска музика „Кора“. Дводневниот настан, организиран од тимот на скопскиот клуб „Минус еден“, ќе понуди музичка програма надвор од вообичаениот урбан клубски простор.
Паркот на Франкофонија од денеска до 20 септември е домаќин на второто издание на Street Food Picnic – тридневен настан со гастрономска понуда, музика и активности за целото семејство.
Современи и наградувани хрватски филмови ќе бидат прикажани од 22 до 27 септември во Кинотеката на Република Северна Македонија, во рамки на манифестацијата „Денови на хрватскиот филм“.
Медицинската драма „The Pitt“ ја освои наградата за најдобра драмска серија на 78. доделување на телевизиските награди „Еми“, што синоќа се одржа во Лос Анџелес.
Синоќа киносалата на Центарот за култура „Златна врата“ во Сплит стана место на средба на две култури – свечено беше отворен вториот по ред патувачки Фестивал на македонски филм, оваа година посветен на македонскиот документарен филм.
Дигитално реставрираниот филм „Солунските атентатори“ во режија на Жика Митровиќ премиерно ќе биде прикажан на отворањето на фестивалот на филм, музика и уметност „Нем филм 2026“ што ќе се одржи од 10 до 15 септември во Кинотеката на РС Македонија.
На 7 октомври во Националната опера и балет, Националниот џез оркестар ја отвора новата концертна сезона со ексклузивен концерт со Dan Pugach, еден од позначајните автори, аранжери и тапанари на современата њујоршка џез-сцена.