Ракометниот клуб Алкалоид е победник на Европскиот куп, одлучи денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ). Алкалоид го доби со службени 10-0 реванш натпревар кој не се одигра во Скопје, поради одлуката на грчки АЕК да не излезе на терен, и со две победи, и по онаа во Атина, го освои трофејот
Спорт
-
Ракомет 05.06.2025 11:31
-
Фудбал 04.06.2025 09:22
Инзаги заминува од Интер, се сели во Ал Хилал
По поразот од ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите, Симоне Инзаги им соопштил на челниците на Интер дека си заминува од клубот, јавуваат италијанските медиуми.
Саудискиот Ал Хилал му понудил договор вреден над 20 милиони евра годишно.
-
Останати спортови 03.06.2025 14:03
Договор за соработка меѓу МТВ и три национални спортски федерации
Во Министерството за спорт денеска беше презентиран новиот проект за промоција и популаризација на македонскиот спорт.
-
Кошарка 03.06.2025 10:13
МЗТ Скопје по 12-ти пат е шампион на Македонија
Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром ја освои својата дванаесетта шампионска титула во Првата македонска кошаркарска лига, откако во четвртиот натпревар од финалната серија го совлада тимот на ТФТ со убедливи 77:53.
-
Ракомет 02.06.2025 10:26
Вардар го освои ракометниот Куп на Македонија
Екипата на Вардар 1961 го совлада Еурофарм Пелистер со 31-27 (17-14) во финалето на ракометниот Куп на Македонија, што се одржа во салата „Билјанини извори“ во Охрид.
„Црвено-црните“ заслужено го освоија трофејот откако целосно го надиграа ривалот и постојано имаа водство во финалето.
-
Фудбал 01.06.2025 10:29
ПСЖ ја освои Лигата на шампионите со убедливи 5:0 против Интер
Пари Сен Жермен е новиот европски шампион, откако во финалето на Лигата на шампионите го совлада Интер со убедливи 5:0 на „Алијанц Арена“ во Минхен.
-
Кошарка 29.05.2025 10:59
Оклахома со победата над Минесота влезе во финалето на НБА лигата
Во петтиот натпревар Оклахома го оправда својот статус на фаворит и по првата четвртина водеше со 26:9, а веќе беше јасно во кој правец ќе оди мечот. Оклахома ноќеска ја победи Минесота со 124:94 и во пет натпревари го заврши финалето на Западната конференција — 4-1.
-
Фудбал 29.05.2025 09:44
Челзи постави рекорд во Конференциската лига
Челзи постави рекорд во Конференциската лига по бројот на постигнати голови. На овој турнир „Сините“ од Лондон постигнаа 42 гола.
-
Ракомет 26.05.2025 12:36
Финалето не се одигра – Алкалоид со благодарност до навивачите
РК Алкалоид им се заблагодари на навивачите за поддршката на синоќешниот финален натпревар од ЕХФ Европскиот куп во СЦ „Борис Трајковски“, кој сепак не се одигра.
-
Фудбал 25.05.2025 15:23
Чаби Алонсо нов тренер на Реал Мадрид
Чаби Алонсо од 1 јуни официјално ќе биде нов тренер на Реал Мадрид. Договорот е потпишан до 2028 година. Тој го заменува Карло Анчелоти, кој ќе стане селектор на Бразил.
Алонсо доаѓа по историска сезона со Баер Леверкузен, освојувајќи ја Бундеслигата, Купот и Суперкупот на Германија.









