Фудбалерот на Ал-Наср и репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо не планира да оди во друг клуб пред завршување на кариерата. Договорот на 39-годишниот играч со саудискиот клуб е до летото 2025 година.
Спорт
-
Фудбал 27.08.2024 09:40
-
Тенис 27.08.2024 09:34
Ѓоковиќ се пласира во второто коло на УС Опен
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ рано утрово го победи Раду Албот од Молдавија во првото коло на УС Опен со резултат 3:0, по сетови 6:2, 6:2 и 6:4.
Во меч што траеше 2 часа и 8 минути, 37-годишниот Србин имаше 8 асови, 10 двојни грешки и 6 освоени брејк топки од 16 шанси.
-
Фудбал 26.08.2024 14:50
Почина поранешниот селектор на Англија, Свен Горан Ериксон
Почина поранешниот селектор на англиската репрезентација Свен-Горан Ериксон, објави Би-би-си.
-
Кошарка 26.08.2024 10:05
Лејкерс би можеле да го ангажираат Дончиќ по пензионирањето на Џејмс
Лос Анџелес лејкерс размислува да го придобие кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ, пренесуваат повеќе медиуми.
Дваесет и петгодишниот кошаркар раководството на Лејкерс го смета за замена за 39-годишниот Леброн Џејмс кога Американецот ќе се пензионира.
-
Останати спортови 26.08.2024 10:02
Дуплантис повторно го подобри светскиот рекорд во скок со стап
Шведскиот атлетичар Арманд Мондо Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап.
Дуплантис во полски Хожов победи во Дијамантската лига со резултат од 6,26 метри. Ја достигна висината на вториот обид.
-
Фудбал 22.08.2024 18:26
ФФМ ги одреди цените на билетите за натпреварот со Ерменија
Билетите за натпреварот Македонија – Ерменија во Лига на Нации ќе бидат со цена од 200 (Источна и Западна трибина) и 400 денари (Јужна и Северна трибина), објави Фудбалската федерација на Македонија.
-
Кошарка 21.08.2024 19:31
Лука Дончиќ- главен кандидат за МВП за сезоната 2024/25
Американскиот спортски тв канал „ESPN“ ги именува Топ 10 кандидати за МВП наградата претстојната регуларна сезона во НБА.
-
Фудбал 21.08.2024 19:08
Нојер се повлекува од германската репрезентација
Мануел Нојер објави дека повеќе нема да брани за германската репрезентација. По 15 години како неприкосновен број еден на германската репрезентација, Нојер одлучи да стави крај на репрезентативната кариера.
-
Тенис 21.08.2024 18:40
АТП најави нов турнир во Белград
Во Белград годинава ќе се одржи нов тениски турнир АТП-250, објави официјалната веб-страница на АТП.
Турнирот ќе се одржи од 3 до 9 ноември на тврда подлога. Во главниот град на Србија ќе се одржува најмалку две години.
-
Кошарка 20.08.2024 19:08
Безос го купува Бостон Селтикс?
Актуелниот шампион во НБА, Бостон Селтикс наскоро ќе има нов сопственик, откако актуелниот шеф Вик Грузбек одлучи да го стави клубот на продажба.
Во американските медиуми се споменуваат неколку можни купувачи, а еден од нив е еден од најбогатите луѓе во светот - Џеф Безос.







