Македонската кошаркарска репрезентација ги продолжува квалификациите за Евробаскет 2025. Во ноемврискиот „прозорец“ противник на „црвено-жолтите“ е селекцијата на Литванија.
Спорт
-
Кошарка 21.11.2024 14:54
-
Фудбал 20.11.2024 12:20
Гвардиола ќе го продолжи договорот со Манчестер сити
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се согласил да го продолжи договорот со „Граѓаните“, објави „Атлетик“.
Шпанецот ќе потпише едногодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. Одлуката официјално ќе биде соопштена во наредните денови.
-
Кошарка 20.11.2024 12:16
Филаделфија не размислува за отпуштање на Нерс и покрај катастрофалниот почеток на сезоната
Сопствениците на Сиксерс не размислуваат за отпуштање на главниот тренер Ник Нерс и претседателот Дерил Мори, и покрај катастрофалниот старт.
По четвртиот последователен пораз, од Мајами 89:106, се одржа состанок на раководството, стручниот штаб и тимот.
-
Тенис 19.11.2024 19:37
Надал на стартот од завршниот турнир поразен од Ван Де Зандшулп
Шпанецот Рафаел Надал загуби на стартот од завршниот турнир во Дејвис Купот, откако беше поразен од Холанѓанецот Ботик Ван Де Зандшулп со 2-0, по сетови 6-4 и 6-4.
-
Фудбал 19.11.2024 09:54
Познати сите четвртфиналисти во Лигата на нации
По одигрувањето на синоќешните натпревари од А-сегментот во Лигата на нации, познати се сите четвртфиналисти.
Првото место во своите групи го освоија Португалија, Франција, Германија и Шпанија.
На второто место по групната фаза се пласираа: Хрватска, Италија, Холандија и Данска.
-
Кошарка 19.11.2024 09:06
Мајами славеа со 106:89 против Филаделфија
Мајами ја продолжи агонијата на Филаделфија. Предводени од поранешниот играч на Севентисиксерс, Џими Батлер, Хит славеа со 106:89. Мајами се шести на Истокот со шест победи и седум порази, а Филаделфија се наоѓа на претпоследното место со само две победи и 11 порази.
-
Фудбал 19.11.2024 08:53
Сан Марино победи во Лихтенштајн
Сан Марино ја освои Групата 1 во Д дивизијата во Лигата на нации. Фудбалерите на Сан Марино освоија седум бода во конкуренција на Гибралтар и Лихтенштајн.
-
Фудбал 18.11.2024 09:59
Сејдини поднесе оставка, вонредно Собрание на ФФМ на 22-ри декември
Муамед Сејдини поднесе оставка од претседателската функција на Фудбалската федерација на Македонија. Сејдини оставката ја достави пред Управниот одбор, чие мнозинство пред 20 дена, побара итен состанок за разгледување на состојбите во македонскиот фудбал.
-
Фудбал 18.11.2024 09:37
Македонија убедливо на првото место во Лига на нации
Македонската сениорска фудбалска репрезентација ја оправда фаворитската улога и славеше над Фарски Острови со 1-0 во последниот меч од Лигата на нации.
-
Фудбал 15.11.2024 08:43
Македонските фудбалери се пласираа од Ц до Б дивизијата од Лигата на нации
Македонските фудбалери се пласираа од Ц до Б дивизијата од Лигата на нации на УЕФА. Дефанзивецот Никола Серафимов беше херојот на нашите најдобри фудбалери во дуелот од петтото коло против Летонија – 1:0.







