Тензиите меѓу Вашингтон и Киев се продлабочуваат. Трамп го нападна Зеленски, тврдејќи дека со него е потешко да се преговара отколку со Путин.
-
Свет 16.10.2026 20:43
-
Свет 16.10.2026 15:42
Тинејџер убил три деца и наставник во училиште во Орегон
Вооружен тинејџер убил три деца и наставник во основно училиште во градот Бенд во американската сојузна држава Орегон. Напаѓачот бил застрелан на местото на нападот.
-
Свет 16.10.2026 14:33
Зеленски во Брисел бара побрза помош за Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на средби со европските лидери во Брисел во време кога влегува во отворен судир со Доналд Трамп по договорот со Русија за увоз на дизел гориво.
Зеленски на средбите побарал ЕУ побрзо да ја испорача помошта за Украина.
-
Свет 16.10.2026 13:27
Трет ден насилни протести во Тирана, судири со полицијата
Трет ден по ред, демонстранти се судрија со албанската полиција во Тирана. Млади луѓе фрлаа камења кон полицискиот кордон пред Министерството за образование, а полицијата за разбивање демонстрации одговори со солзавец и водени топови и приведе неколку демонстранти.
-
Свет 16.10.2026 11:51
ЕУ без договор за седумгодишниот буџет, нов самит во декември
По повеќечасовна жестока расправа, шефовите на држави или влади на Европската унија ги одложија преговорите за следниот седумгодишен буџет без да постигнат договор.
-
Свет 15.10.2026 19:00
Продолжуваат руските напади низ Украина
Русија продолжи со масовни напади низ Украина, погодувајќи ја енергетската инфраструктура и цивилните населби, зголемувајќи го бројот на жртви и повредени.
-
Свет 15.10.2026 15:08
Две лица загинаа во силното невреме во Истанбул
Две лица загинаа во силното невреме во Истанбул. Меѓу жртвите е 14-годишно момче, кое починало од струен удар во поплавена зона.
Обилните дождови поплавија улици, домови и болница, а наставата беше прекината.
-
Свет 15.10.2026 14:19
Се урна покрив на училиште во Пакистан, загинаа 29 лица
Најмалку 29 лица загинаа, меѓу нив ученици и еден наставник при уривање на покрив на училиште во Пешавар, Пакистан. Повредени сè уште 19 лица, на возраст од шест до 12 години.
-
Свет 15.10.2026 14:06
Трамп најавува брз крај на конфликтот со Иран, Техеран не отстапува
Трамп тврди дека конфликтот со Иран ќе заврши многу брзо и повтори дека нема да дозволи Техеран да поседува нуклеарно оружје. Иран, пак, најавува продолжување на борбите додека не бидат исполнети неговите барања.
-
Свет 15.10.2026 12:32
Буџетот во фокус на Европскиот совет
Четири земји кандидатки добија патокази за членство, но со новиот европски буџет се кратат средства. Непознато е колку ќе бидат издвоени за идните земји членки кои би требало да се приклучат во периодот од новиот буџет.










