Зеленски си обвини САД за неподготвеност да и помогнат на Украина откако за два дена во руски напади загинаа 78 луѓе.
-
Свет 09.10.2026 11:58
-
Свет 09.10.2026 11:07
Приведени средношколци кои протестирале во Париз
Француската полиција приведе средношколци кои протестираа во Париз со барање за поголемо финансирање на образованието. Од почетокот на протестите, приведени се над 6.600 ученици повеќето малолетни.
-
Свет 08.10.2026 19:01
Ученик со нож нападнал во училиште во Полска, загина портирка
15-годишен ученик со нож нападнал во основно училиште во полското место Лешчидул-Новини, североисточно од Варшава.
Загина 37-годишната портирка, а повредени се наставничка и директорот. Ученикот е уапсен. Ова е втор напад во училиште во Полска за само два дена.
-
Свет 08.10.2026 18:19
Продолжуваат протестите во Франција
Студентските протести во Франција продолжуваат и прераснуваат во пошироко движење, со родители, наставници и синдикати, против состојбите во образованието и полициското постапување.
-
Свет 08.10.2026 12:00
Спасени сите 63-ца рудари, кои синоќа беа заробени во рудникот Трепча
Рано изутрината, спасени сите 63-ца рудари, кои синоќа беа заробени во рудникот Трепча на Косово. Прекинот на електричната енергија бил предизвикан поради пожар на трансформатор, во близина на рудникот. Директорот на рудникот Садику, потврди дека здравствената состојба на сите рудари е добра.
-
Свет 08.10.2026 11:01
Руски воздушни напади врз Украина
Најмалку 32 лица загинаа, меѓу нив и пет деца, а 100 се повредени, во еден од најтешките руски воздушни напади врз Украина. Според претседателот Зеленски, Русија во текот на ноќта истрелала 70 ракети и десетици јуришни дронови „Шахед“.
-
Свет 07.10.2026 20:03
Масовен руски напад, Киев повторно на удар
Само неколку часа откако Зеленски предупреди за можни удари врз Украина, Русија изврши масовен комбиниран напад со жртви и повредени. Над 10 луѓе загинаа во Прилуки каде била погодена станбена зграда. Мртви и во Киев.
-
Свет 07.10.2026 13:51
ЕУ на состанок поради сомнежот за пневмонична чума во Сибир
Европската комисија и земјите-членки на ЕУ на состанок на Комитетот за здравствена безбедност за сомнежот за пневмонична чума во Сибир, по смртта на 28-годишна лабораториска работничка во Иркутск.
-
Свет 07.10.2026 12:46
Вашингтон е подготвен за договор, но бара конкретни чекори од Иран
Иран мора значително да ги намали капацитетите за збогатување ураниум ако сака договор со САД и крај на седуммесечната војна, порача потпретседателот Венс. Вашингтон е подготвен за договор, но бара конкретни чекори, а не ветувања.
-
Свет 07.10.2026 11:26
Три години од нападот на Хамас врз Израел
Израел ја одбележува третата годишнина од нападот на Хамас на 7 октомври, кога беа убиени околу 1.200 луѓе, а над 250 беа земени како заложници.










