• Свет 11.10.2026 15:35

    Ненадејни поплави и одрон во Непал, уништени околу 40 куќи

    Ненадејни поплави и одрон во северно-централниот дел на Непал уништија околу 40 куќи и оштетија важен мост во округот Горка, во близина на границата со Кина. Поради надојдената река Буди Гандаки, жителите на селата покрај нејзиното корито беа евакуирани.

  • Свет 11.10.2026 15:01

    Ураганот Исајас зеде четири жртви

    Четири лица загинаа, над 600 илјади домаќинства се без струја откако ураганот Исајас погоди делови од јужниот дел на САД со силни ветрови и поројни дождови. Ураганот стигна до Флорида со ветрови од речиси 170 километри на час, пред да ослабне.

  • Свет 11.10.2026 12:48

    Напад врз аеродромот во Ријад, десетици загинати

    Над 10 луѓе загинаа, а стотици се повредени во трет за неделава напад на Хутите врз саудискиот меѓународен аеродром во Ријад. ООН и САД со осуда. Трамп најави разговор со саудискиот престолонаследник и не ја исклучи можноста воено да се приклучат на саудиските напади врз Хутите.

  • Свет 11.10.2026 09:41

    Трамп побара Украина да добие нов претседател

    По објавата за договорот со Путин за снабдување на САД и светскиот пазар со руски дизел, американскиот претседател Трамп побара Украина да добие нов претседател.

  • Свет 11.10.2026 08:45

    Словенците гласаат на четири референдуми

    Словенците гласаат на четири референдуми за укинување на задолжителната РТВ-претплата, условување на социјалната помош со општествено корисна работа, ограничување на правото на глас на локалните избори за државјани надвор од ЕУ и измени на Законот за парламентарни истраги.

  • Свет 10.10.2026 19:20

    САД договорија испорака на руски дизел

    Додека американски и украински претставници во Мајами разговараат за можен крај на војната во Украина, Трамп со Путин договори испораки на руски дизел. Според шефот на Белата куќа, Русија веднаш ќе испорача над 300 илјади тони, а ќе следуваат и дополнителни количини.

  • Свет 10.10.2026 16:22

    Македонија меѓу 550 излагачи на винскиот саем во Белград

    Од денес 80 Македонски винарии и 7 дестилерии се претставуваат меѓу 550 излагачи од 30 земја на еден од најголемите вински саеми во регионот и Европа-Винска Визија Отворен Балкан во Белград.

  • Свет 10.10.2026 14:18

    Панама: Земјотрес од 7,7 степени, оштетени згради иинфраструктура

    Панама ги санира последиците од силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени. Оштетени се згради и инфраструктура, жителите се евакуираат, а регистрирани се и последователни потреси. Засега нема официјално потврдени загинати, но има повредени.

  • Свет 10.10.2026 11:55

    Нов бран тензии на Блискиот Исток

    Нов бран тензии на Блискиот Исток по нападите врз цели во Саудиска Арабија и бродови во близина на Ормускиот Теснец. Тројца загинаа во нападот врз аеродромот во Ријад, а два брода беа погодени во поморскиот коридор.

  • Свет 09.10.2026 16:04

    Нави Пилај ја доби Нобеловата награда за мир за 2026 година

    Поранешната висока комесарка на ОН за човекови права и судија во Меѓународниот суд за правдата, Нави Пилај, е добитничка на Нобеловата награда за мир за 2026 година. Наградата ѝ е доделена за нејзините напори за промовирање на мирот и меѓународното право, соопшти Нобеловиот комитет во Осло.

Pages