Канада следната година ќе прими помеѓу 260 000 и 285 000 доселеници, што е рекорден број во поновата историја на таа земја, изјави министерот за државјанство и имиграција Крис Александер, претставувајќи го планот за доселување во 2015-та година.
-
Свет 03.11.2014 19:49
Наредната година Канада ќе прими рекорден број доселеници
-
Свет 03.11.2014 19:42
Ултиматум до војската на Буркина Фасо да ја предаде власта на цивилно раководство
Африканската унија и даде рок од 2 недели на војската на Буркина Фасо да ја предаде власта на цивилно раководство. Шефот на војската Исак Зида претходно изјави дека тоа ќе биде сторено во најскоро можно време.
-
Свет 03.11.2014 19:38
Брисел ги разгледува обвинениијата за корупција во Еулекс
Во Брисел зад затворени врати се разгледуваат обвиненијата за корупција во Еулекс. Суспендираната обвинителка Бами која ја обелодени бара независна меѓународна истрага и предупредува на обиди да се заташка случајот.
-
Свет 03.11.2014 17:43
Жена се самозапали пред бугарското собрание
39-годишна жена се самозапали пред зградата на бугарското собрание. Први на помош и притекнале новинарите на работна задача, ужаснати од глетката.
-
Свет 03.11.2014 17:10
Новиот Светски трговски центар ги отвори вратите за компаниите
13 години по терористичкиот напад врз кулите близначки во Њујорк, новиот светски трговски центар ги отвори вратите за компаниите. Првата 104-катница во срцето на Менхетен ги прими првите вработени од издавачот Конде Наст.
-
Свет 03.11.2014 17:05
Сепаратистите си назначија лидер на Доњецк
Проруските сепаратисти во Украина го зазначија поранешниот електричар Захарченко за лидер на нивната отцепена република. По изборите викендов Западот чека да види дали ќе ги признае рускиот претседател Путин.
-
Свет 03.11.2014 16:53
Загинаа 24 имигранти во бродската несреќа на Босфор
Несреќа во Турција. Дваесет и четири мртви, меѓу нив повеќето се деца пронајдени на брегот на Босфор, откако потонал бродот со кој се превезувале. Локалните медиуми пренесуваат потресни изјави на сведоци-локални рибари кои забележале тела на удавени бебиња.
-
Свет 03.11.2014 14:05
Две деца настрадаа во пожар во источна Србија
Две деца настрадаа во пожар кој утрово избил во нивната куќа во селото Мироч во источна Србија, објавија српските медиуми.
-
Свет 03.11.2014 11:08
Брод со илегални имигранти потона во Босфорот
Брод со 40 илегални имигранти потона во Босфор крај Румели Фенери, јави турскиот телевизиски канал НТВ.Спасувачките тимови откриле во морето тела на 10 луѓе. Продолжува потрагата по други 30 луѓе кои биле на бродот. -
Свет 03.11.2014 10:57
Изборите во Луганск и Доњецк нелегитимни за меѓународната заедница
Подготвени сме да разговараме со сите кои сакаат да не слушнат. Денеска напаравивме чекор напред во изградбата на државата, изјави Александар Закарченко, по вчерашната победа на претседателските избори во Донбас.










