Буркина Фасо во оган, почнува, како што ја викаат, црна пролет. Војската стрелаше во толпата што ги запали парламентот, штабот на владејачката партија, државната телевизија, куќи на пратеници. Затворен е главниот аеродром.
-
Свет 30.10.2014 18:37
-
Свет 30.10.2014 13:34
Дроновите може да станат алатка на терористите!
Њујоршката полиција стравува дека дроновите, со последните иновации во технологијата, може да станат алатка на терористите.
-
Свет 30.10.2014 12:23
Украина и Русија не се договорија за гасот
Нема договор меѓу Украина и Русија за гасот. На трилатералната средба во Брисел која траеше до раните утрински часови се дискутираше за главниот спор, за финансиска поддршка на ЕУ за Украина, за да може Нафтогас да исплати дел од долгот на Гаспром.
-
Свет 30.10.2014 12:21
Ебола во САД: Медицинската сестра во карантин се заканува дека ќе се жали на суд
Медицинската сестра Кејси Хикокс која е ставена во карантин под сомнение дека има ебола и покрај негативните тестови по враќањето од Западна Африка постави ултиматум, да ја пуштат денес или оди на суд.
-
Свет 30.10.2014 12:05
Засилување против ИДИЛ: Конвој ирачки курди пристигна на турската граница
Под будното око на турската полиција конвој ирачки курди пристигна во комплексот на турската граница каде што ќе се подготват да влезат во Сирија и да помогнат во справување со опсадата на Исламска држава.
-
Свет 29.10.2014 18:35
Џихадистите од ИД ликвидирале 46 припадници на племе во Ирак
Џихадистите од групата Исламска Држава (ИД) погубиле најмалку 46 припадници на едно племе во ирачката провинција Анбар, соопштија денеска локални претставници.
Убиените биле припадници на племето Албу Нимр, чии членови се бореле против џихадиситте во провинцијата.
-
Свет 29.10.2014 18:33
Кремљ ги демантира гласините за болеста на Путин
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес ги негирал извештаите на странските медиуми дека рускиот претседател Владимир Путин е сериозно болен.
“Гризнете јазик! Се’ е во ред”, рекол Песков, пренесуваат руските медиуми -
Свет 29.10.2014 16:12
НАСА ги истражува причините за експлозијата на ракетата
Работевме напорно, направивме многу тестови и анализи за мисијата, но нешто тргна наопаку – се огласи НАСА по експлозијата на ракетата Антарес. Разочарани сме што не ја исполнивме обврската кон Меѓународната вселенска станица.
-
Свет 29.10.2014 14:07
Грција и Шпанија со највисоки стапки на детска сиромаштија во светот
Економската криза турнала во сиромаштија 800 илјади деца во Шпанија, соопшти УНИЦЕФ. Земјата има една од највисоките стапки на детска сиромаштија во светот – 36,3 проценти.
-
Свет 29.10.2014 14:03
Обвинителката на Еулекс- нов Асанж?!
Обвинителката на Еулекс, Марија Бами се заканува дека ќе биде новиот Асанж што ќе ја потресе Европската унија.










