• Свет 11.05.2014 18:42

    Доњецк и Луганск гласаат независност

    Локалните медиуми јавуваат дека  излезноста е голема,  луѓето  чекаат во редици  за  да гласаат.
     
    Гласачки ливчиња ќе бидат однесени кај луѓето кои не се способни сами да дојдат да гласаат. Ние се грижиме и за нив. -изјави Валери Болотов гувернер на Луганск
  • Свет 11.05.2014 16:30

    Масовни протести во Банкок

    По едномесечна пауза во Бангкок масовни протести на поддржувачите, но и на противниците на управувачката политичка структура. Тензиите се интензивираа по одлуката на уставниот суд да ја разреши премиерката Шинаватра и да наименува нејзин близок соработник како привремен претседател на владата.

  • Свет 11.05.2014 16:28

    Нов напад и киднапирања во Нигерија.

    Нов напад и киднапирања во Нигерија. Исламистичките екстремисти во местото Лиман Кара убија непознат број лица, киднапираа жена и еден полицаец во пензија. Локалните власти изјавија дека никој не останал да ги преброи жртвите бидејќи по нападот Лиман Кара го напуштиле 3 илјади жители.

  • Свет 11.05.2014 16:26

    32 лица повредени во експлозија на бомба

    Најмалку 32 лица се повредени при експлозија на бомба  во дискотека во градот Велика Кладуша во северозападниот дел на Босна и Херцеговина. Еден од ранетите се наоѓа во критична состојба. Во експлозијата нема загинати.

  • Свет 11.05.2014 16:17

    Денот на Европа одбележан во САД

    Европа е место на различни култури и нации, вака европските дипломати им објаснуваат на Американците за значењето на Европската Унија и идејата за слободна и обединета Европа.

  • Свет 10.05.2014 18:21

    Најмалку 17 загинати во автобуска несреќа во Индија

    Најмалку 17 лица загинаа во северна Индија, кога автобус излета од патот и падна во амбис, соопшти денеска индиската полиција.
  • Свет 10.05.2014 16:36

    Утре референдум во Доњецк и Луганск

    Подготовки на истокот на Украина за утрешниот референдум на кој граѓаните од регионот Доњецк и Луганск, треба да ја искажат својата волја. Организаторите не се поколабеаа  и покрај апелот од рускиот претседател  Путин референдумот да се одложи.

  • Свет 10.05.2014 16:33

    Вистинска драма се случи на фестивалот за балони во Вирџинија

    Вистинска драма се случи на фестивалот за балони во американската сојузна држава Вирџинија. Три лица се водат како исчезнати откако балон удрил во преносни жици и се запалил.. Очевидци тврдат дека виделе како луѓето скокаат од балонот. Спасувачки екипи трагаа по исчезнатите. 

  • Свет 10.05.2014 16:31

    Во Судан потпишан договор за примиерје

    Претседателот на Јужен Судан Салва Кир и лидерот на бунтовниците Риек Мачар потпишаа договор за примиерје со што се стави крај на 5-месечната граѓанска војна..

  • Свет 10.05.2014 16:28

    Илјадници сиријци по две години се вратија во Хомс

    Илјадници сиријци по две години се вратија во Хомс откако бунтовничките сили го напуштија градот и тој е повторно под контрола на сириските власти. Голем број граѓани носејќи со себе само лични работи обвинија дека бунтвниците дека им ги ограбиле домовите.. 

Pages