Алтернативно земјоделско производство и нивни преработки, занаетчиство, домови за стари лица, градинки, ветеринарните служби и руралниот туризам се дејностите кои ќе се субвенционираат во наредниот оглас од ИПАРД 3 програмата. Субвенцијата е 60 проценти од вредноста на инвестицијата.
-
Економија 07.10.2024 08:19
-
Економија 06.10.2024 14:32
Поддршка на младите за да останат на нивите и фармите
Поголема поддршка на младите и нивно задржување во селата. Ова е апелот на Владанка Ристиќ од Тимјаник која обработува винова лоза на Агросаемот во Струмица беше избрана за жена фармер.
-
Економија 05.10.2024 17:30
Се избегнува намалувањето на цените
Маржите се ограничени, но трговците и производители најдоа начин како да ги избегнат, Државниот пазарен инспекторат открил дека големите трговски ланци и производители манипулираат со нови производи со помала тежина за да ја избегнат мерката.
-
Економија 05.10.2024 14:02
Сложени состојби во рудниците на РЕК- Битола
Состојбите во рековските копови посебно рудникот Суводел се сложени. Од технички аспект на експлоатација копот се наоѓа во стеснати услови.
-
Економија 04.10.2024 14:18
Божиновска: Владата прави напори да имаме мирна зима на енергетски план
Новата Влада ќе вложи максимум да имаме мирна зима на енергетски план и непрекинато парно греење во главниот град, рече министерката за енергетика Сања Божиновска. Таа најави дека за оваа зима, струја ќе се набавува однапред за да се обезбедат пониски цени за домаќинствата.
-
Економија 04.10.2024 13:00
Димитриеска-Кочоска: Обврските се сервисираат со ребалансот
Ребалансот на Буџетот, којшто го изготвивме во првите 100 дена, веќе се реализира. Веќе се исплаќаат обврските за кои претходната Влада немаше доволно средства испланирано, а се покриваат и доспеаните обврски за кои исто така беа обезбедени средства со Ребалансот.
-
Економија 04.10.2024 12:35
Божиновска: Владата не плаќала субвенции, тоа што се гледа на сметките е долг кон ЕВН
Владата не платила денар за субвенциите за струја. Тоа што се гледало на сметките за електрична енергија е долг од 60 милиони евра кон ЕВН, рече во отчетот за сработеното министерката за енергетика Сања Божиновска.
-
Економија 03.10.2024 18:34
Рудниците во РЕК Битола се во лоша состојба
Откривката на јаловина за ископ и транспорт на јаглен во рудниците во РЕК Битола е на загрижувачко ниско ниво. Неремонтираниот Блок 1 оди во ладна резерва и ќе се активира во најстудените денови доколку се обезбедат потребните количини на јаглен.
-
Економија 03.10.2024 14:23
Поголемиот дел од автопатот Охрид – Кичево ќе биде ставен во функција до почетокот на следната летна сезона
Пред почетокот на наредното лето се очекува да биде пуштен во употреба голем дел од автопатот Охрид – Кичево, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
-
Економија 03.10.2024 13:31
Поддршка за промоција на македонски производи
Поголема поддршка на пчеларите, но и контрола на нелојалната конкуренција, најави министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство Трипуновски, на отворањето на манифестацијата „Денови на мед“ во Куманово. Целта рече е да се заштити домашното квалитетно производство.










