Приватните сопственици на шуми можат да поднесуваат барање за субвенционирање на пошумувањето. Сите кои имаат планирано засадување на нови садници на површини поголеми од половина хектар имаат право на финансиска помош 85.000 денари за хектар.
-
Економија 09.02.2024 08:41
-
Економија 08.02.2024 21:25
Николовски: 2024 е година на зголемена поддршка во сточарството
Сточарството е нашиот главен фокус оваа 2024 година. Креиравме многу нови мерки за поддршка на сточарите и со право оваа година велиме дека е година на сточарството, истакна министерот Николовски на денешната средба со сточарите во Берово.
-
Економија 08.02.2024 16:39
Сточарите оваа недела на своите сметки да ја очекуваат исплатата на 30% од основните субвенции, најави Николовски
Министерот Николовски во својата изјава за медиумите истакна дека како министерство постојано сме на терен, директно разговарајќи со секој еден земјоделец, слушајќи го нивниот глас и заедно креирајќи мерки за поддршка на секој земјоделец.
-
Економија 08.02.2024 13:30
Битиќи се шегувал за ТЕ-ТО
Изјавата за затворање на ТЕ-ТО е шега, на земјава ѝ се потребни стратешки инвестиции за да ја подигне конкурентноста. Ова го изјави вицепремиерот Битиќи, откако неговата најава предизвика лавина реакции во јавноста.
-
Економија 08.02.2024 11:22
ДЗР: И покрај зголемување на вредноста на договорот, делницата Кичево – Охрид сè уште не е изградена
Најголемиот дел од материјалните средства на ЈП за државни патишта или 46% од нив, се материјални средства во подготовка, кои се однесуваат на изработка на проектни документации, извршени експропријации, изградби, реконструкција и рехабилитација на државните патишта и нивен надзор.
-
Економија 08.02.2024 09:48
Девизните резрви на крајот на јануари 4,33 милијарди евра
Девизните резерви на крајот на јануари годинава изнесувале 4.337,3 милиони евра, соопшти Народна банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (56,4 проценти), по што следуваат валутите и депозитите (33,9 проценти) и монетарното злато (9,6 проценти).
-
Економија 08.02.2024 08:48
Субвенции за растително производство
По 6.000 денари за хектар годинава ќе добиваат производителите кои имаат засеано и ожнеано површини со житни, индустриски култури, добиточна храна, лековити, ароматични и зачински растенија. Услов е минималната засеана површина, заедно со сите култури да изнесува 0,5, а за тутунот 0,2 хектари.
-
Економија 07.02.2024 16:17
Откупувачите ја зголемија цената на тутунот
Откупувачите во земјава се согласија. Сите со анекс на договорите ја зголемуваат цената на тутунот на 365 денари. Потпишаните договори утре ќе ги достават до Земјоделскиот инспекторат и до Сојузот на земјоделските здруженија. Зголемувањето ги опфаќа и досега откупените количества тутун.
-
Економија 07.02.2024 14:24
Голем интерес за субвенции за инвертер клима-уреди, на повикот пристигнале 9.000 барања
За четири дена откако е распишан повикот пристигнале 9.000 барања, а пари има за 7.000 домаќинства. Ваучерите ќе се делат по принципот прв дојден, прв услужен.
-
Економија 07.02.2024 11:20
Започната реформа за забрзување на трговијата и транспортот
Царинската управа заедно со 16 државни институции ќе го имплементира Националниот едношалтерски систем, при што на највисоко владино ниво е започната реформа за унапредување на политиките за забрзан транспорт и трговија се со цел подобрување на условите за водење бизнис и забрзана интеграција во








