Наместо на пат илјадници километри од дома, превозниците трет ден на блокада на граничните премини. Сè уште се бара решение за новите правила со кои престојот е ограничен 90 дена во Шенген зоната. Загуба овие денови бележи Сашо Цаневски, кој дваесетина години е во оваа дејност.
-
Економија 28.01.2026 17:18
-
Економија 28.01.2026 13:19
Трет ден блокада на товарниот сообраќај
Товарниот сообраќај и натаму блокиран. Трет ден, камионите на превозниците се паркирани на граничните премини кон шенген – зоната, бидејќи се бара промена на правилото за влез и излез од ЕУ. -
Економија 28.01.2026 13:15
Работнички протест за повисоки плати
„28-ми јануари е денот кога зборуваат работниците“ – Сојузот на синдикатите на Македонија попладнево излегува на протест за повисоки плати. Каде ќе се протестира и кои се барањата на синдикалците?
Александра Велинова е во ССМ.
-
Економија 28.01.2026 08:59
ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати
Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе одржи протест за зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. На протестот, кој ќе започне во 17 часот, ќе биде искажано незадоволство поради неисполнување на барањата за зголемување на платите.
-
Економија 27.01.2026 17:46
Транспортерите предупредуваат, ЕЕС системот е удар врз економијата
Воведувањето на ЕЕС системот предизвикува сериозна загриженост кај транспортниот сектор.
-
Економија 27.01.2026 16:24
Камионџиите на нозе, економијата на пауза, Брисел под притисок
Камионџиите на нозе, економијата на пауза, Брисел под притисок. Премиерот изрази очекување дека ќе биде надминат проблемот со кој се соочуваат македонските превозници, преку директна комуникација со Европската Унија.
-
Економија 27.01.2026 15:44
ССНМ бара зголемување на минималната плата и се приклучува на протестот на работниците
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги поддржува актуелните барања на дел од поголемите синдикатите и ќе се вклучи на протестот закажан за 28 јануари 2026 година.
-
Економија 27.01.2026 13:28
Протестот на транспортерите продолжува, Мицкоски очекува да се реши проблемот со превозниците
Втор ден илјадници камиони од регионот ги блокираат границите со ЕУ. Бараат да се најде решение за одлуката за ограничен престој во Шенген-зоната и да не се третираат како туристи, туку како професионални возачи. Кои се ставовите на надлежните, дали е можно да се најде решение? -
Економија 27.01.2026 13:20
Шенген- правилата проблем за транспортерите
Регулацијата на престојот на професионалните возачи во Шенген зоната, која ќе започне од 10 април, сериозно ќе ја наруши работата во транспортниот сектор.
-
Економија 27.01.2026 11:41
ССМ утре на протест ќе бара минимална плата од 600 евра
Утре од 17 часот, Сојузот на синдикати на Македонија излегува на протест. Барањата познати, минимална плата од 600 евра, зголемување на сите други плати по сто евра, достоинствен живот на работниците.










