„Црн петок“ во Македонија-ова е денот кога голем дел од граѓаните очекуваат пониски цени во продажните места, но дали и колку се намалени одговори бара, Александра Велинова.
„Црн петок“ во Македонија-ова е денот кога голем дел од граѓаните очекуваат пониски цени во продажните места, но дали и колку се намалени одговори бара, Александра Велинова.
Управата за јавни приходи за 10 месеци ја зголемила нето наплатата на даноци за шест проценти. Во државниот буџет од почеток на годината досега се слеале 3 милијарди и 600 милиони евра. За премиерот Мицкоски спречување на корупцијата е клучно за опстанок на системот.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити во октомври изнесува 2,20 проценти и бележи годишен раст од 0,13 процентни поени, додека просечната каматна стапка на кредитите изнесува 4,82 проценти и бележи годишен пад од 0,56 процентни поени.
Приклучувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра – СЕПА претставува историски чекор кон модерна, безбедна и европски интегрирана платежна инфраструктура.
„Бизнис заедницата бара решавање на сите предизвици со кои се соочуваат во реално време. Јас и мојот тим сме достапни за нив 24/7 и тие тоа го знаат.
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја објави новата цена на парното греење што ќе важи од 1 декември.
Државниот пазарен инспекторат ќе врши засилени вонредни инспекциски надзори кај сите трговци на целата територија на државата по најавените таканаречени „блек фрајдеј“ акции.
Во организација на Управата за јавни приходи денеска во Клубот на пратеници ќе се одбележи Денот на даночните работници – Свети Матеј.
На настанот ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски и директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова.
ЕСМ како единствен понудувач на тендерот на универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ понудил цена од 65 евра за мегават час, за 3 евра поскапо од онаа што важи во втората половина на годинава. ЕСМ за в година планира целосно да ги покрие бараните количества струја.
Државниот пазарен инспекторат по повод најавените продажни поттикнувања „Black Friday“ акции ќе врши засилени вонредни инспекциски надзори кај сите трговци на целата територија на државата.