Два виртуелни оператори го скенираат мобилниот пазар во Македонија. Едниот, познат светски бренд ја потврдил одлуката да почне бизнис во држава, велат од Агенцијата за електронски комуникации. Не откриваат детали.
-
Економија 22.12.2016 14:45
-
Економија 22.12.2016 12:50
Два виртуелни оператора заинтересирани за влез на македонскиот пазар
Два виртуелни оператори отвораат терен за влез на мобилниот пазар во Македонија. Од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) велат, едниот познат бренд во светски рамки, ја потврдил одлуката.
-
Економија 22.12.2016 12:47
Просечната плата во октомври 22.460 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во октомври годинава изнесува 22.460 денари и е за 1,1 отсто повисока во споредба со истиот месец лани. Просечната бруто-плата, пак, е 33.023 денари и е за 1,3 отсто повисока отколку во октомври 2015 година.
-
Економија 22.12.2016 10:06
Субвенции за професионални земјоделци
Вкупно 10 милиони денари се обезбедени за младите и за професионалните земјоделци.
Доколку фармерот е до 40 години, ќе добие плус 10, а 5 проценти ќе добијат правните лица како земјоделско стопанство.
-
Економија 21.12.2016 13:18
Избрани најдобрите трговски објекти во Скопје за 2016-та година
„Довидување“ е обичен збор што значи многу и остава впечаток. Проектот „Месец на трговијата“ има токму таква цел, да го поттикне добриот однос на персоналот, да ја подобри услугата и секако да се подобри прометот. Прогласени победниците за најдобри трговски објекти.
-
Економија 21.12.2016 10:31
Поголеми субвенции за градинарство и овоштарство
Дополнителни 30 проценти субвенции ќе добиваат земјоделците кои ќе решат да направат замена на непрофитабилното производство со промена на насадите со други видови на земјоделски култури со поголеми приноси.
-
Економија 20.12.2016 15:59
Над 3.000 граѓани побарале помош од организациите за заштита на потрошувачите
617 скопјани годинава побарале помош за заштита на своите потрошувачки права. Се жалат на продажба на неисправни производи, проблеми во гарантниот рок, предолгото сервисирање, лажните попусти.
-
Економија 20.12.2016 14:53
Преку мониторинг на потрошувачката- до заштеди на енергија во фирмите
Компаниите што имаат инсталиран ситем за мониторинг и управување со потрошувачката на енергија, заштедуваат и до 20 насто од трошоците.
-
Економија 20.12.2016 09:58
19,2 милиони евра субвенции за сточарите
Сточарите со една до 100 крави и следната година ќе добијат по 2.800 денари за животно. За повеќе од 100 крави, субвенцијата процентуално ќе се намалува.
Дополнителни 1.500 денари ќе добиваат оние кои имаат минимум 30 обележани и евидентирани говеда и не се произведители на млеко.
-
Економија 20.12.2016 09:23
Форум за заштита на правата на потрошувачите
Заштитата на правата на потрошувачите и во кои области најмногу се соочуваат со проблеми се темите за кои ќе се дебатира во рамки на денешниот форум што го организираат Советот за заштита на потрошувачите на град Скопје и Организацијата на потрошувачи на Македонија.










