И покрај поразот во финалето на Србија опен Новак Ѓоковиќ ја почна 367-та недела како водечки на светската ранг-листа и е сè поблиску до апсолутниот рекорд на Штефи Граф која своевремено 377 недели беше најдобра на листата на најдобри тенисерки во светот.
Тенис
Блог вести
-
Тенис 25.04.2022 17:14
-
Тенис 20.04.2022 22:20
Забрана за настап на руски и белоруски тенисери
Велат политиката не треба да се меша во спортот, но главните луѓе на веројатно најпрестижниот тениски турнир, Вимблдон донесоа политички одлука и им забранија на руските и тенисерите и тенисерките од Белорусија да играат на третиот грен – слем во 2022-ра.
-
Тенис 17.04.2022 22:24
Циципас до втор мастерс трофеј
Грчкиот тенисер Стефанос Циципас петиот светски рекет ја одбрани титулата на мастерс 1000-ката во Монте Карло, првиот од трите турнири на црвеницата како загревање за вториот грен слем францускиот.
-
Тенис 12.04.2022 20:40
Ѓоковиќ елиминиран уште на првиот меч во Монте Карло
Враќањето на Новак Ѓоковиќ на тениските терени после месец и пол не тргна според планот на рекетот број еден во препознатливиот ритам, па само што стапна на мастерсот во Монте Карло, Србинот денеска доживеа експресна елиминација.
-
Тенис 04.04.2022 13:47
Новата недела, со нови промени во тенискиот поредок
Новак Ѓоковиќ ја стартува својата 364-та недела како број еден тенисер во светот, но разликата со вториот Данил Медведев е само 10 бодови.
-
Тенис 04.04.2022 13:38
Алкараз најмлад освојувач на турнирот во Мајами
Младиот 18 годишен шпански тенисер Карлос Алкараз за прв пат беше славеник на турнир од серијата Мастерс 1.000.
-
Тенис 03.04.2022 10:48
Ига Швјотек го освои Мајами
Полската тенисерка Ига Швјотек по само еден час и 20 минути игра го крена виско пехарот на мастерс 1000-ката во Мајами откако во двасета 6:4 и 6:0, славеше над јапонката некогашната најдобра светска тенисерка, Наоми Осака.
-
Тенис 01.04.2022 16:13
Медведев „одигра“ за Ѓоковиќ, Швјотек од понеделник лидер
Четврт- финалниот пораз на рускиот тенисер Данил Медведев на турнирот од мастерс серијата 1000 во Мајами, значи нова лидерска недела или 364-та на Новак Ѓоковиќ на АТП скалата, за само 10 бода повеќе од русинот.
-
Тенис 23.03.2022 19:47
На 25 години Ешли Барти ја заврши кариерата
Не е првпат некој врвен спортист предвреме да ја заврши кариерата, но сепак големо изненадување преставува објавата на најдобрата во светот, Австралијката Ешли Барти дека веќе нема да игра тенис на професионално ниво.
-
Тенис 21.03.2022 20:10
По Индијан велс слават Фриц, Швијотек и Ѓоковиќ
Рафаел Надал застана на 20 триумфи во низ, или го запре американскиот тенисер Тејлор Фриц во финалето на турнирот во Индијан Велс од мастерс серијата 1000. По два сета игра 20-тиот на АТП поредокот за првпат во својата кариера крена пехар на мастерс 1000-ка или само вторпат освојува АТП турнир.









