Вести
-
Македонија 27.11.2014 08:46
Прекин на железничкиот сообраќај кон Грција
Патничкиот железнички сообраќај на релацијата Гевгелија - Солун - Гевгелија денеска ќе биде во прекин поради најавениот штрајк на членовите на Грчката федерација на железничарите. -
Свет 26.11.2014 19:30
Рударска несреќа во Кина - 24-ца загинати и педестина повредени
24-ца загинати и педестина повредени во рударска несреќа на североистокот на Кина. Земјотрес предизвикал пожар, а рударите не можеле да побегнат од пламените јазици.
Рудниците во Кина се меѓу најнебезбедните за работа.
-
Свет 26.11.2014 19:26
Штрајк на медиумските работници во Грција
Штрајк на медиумските работници во Грција, против политиките на владата. Новинарите бараат задолжителни колективни договори, исплата на заостанати плати и обновување на работата на затворената грчка радио и телевизија.
-
Свет 26.11.2014 19:23
Стотина загинати во нападите на сириското воздухопловство врз цели на ИД
Стотина загинати за време на нападите на сириското воздухолпловство врз цели на Исламската држава.
Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека половина од загинатите се цивили.
-
Свет 26.11.2014 19:15
Хонг Конг - Уапсени полицајци поради претепување на демонстранти
Уапсени седуммина полицајци кои за време на протестите во Хонг Конг претепале неколкумина демонстранти. Полицијата упаси и двајца лидери на студентите.
Отстранувањето на шаторите на демонстрантите почна мирно, но ескалираше во жестоки судири.
-
Свет 26.11.2014 19:08
Хрватска ја повлече храната за бебиња “Алнатура”
Oд пазарот во Хрватска повлечени производите од “Алнатура” храна за бебиња, кашички и четири видови житарици. Во кашичките се пронајдени траги од тропан алкалоиди.
Македонската агенција храна и ветеринарство објави дека овие производи ги нема на нашиот пазар.
-
Македонија 26.11.2014 18:22
Внатрешните политички случувања во Македонија на дневен ред на Мешовитиот парламентарен комитет
По подолга пауза двете делагации повторно се состанаа во Стразбур, но овој пат во нов состав поради изборите во Македонија и ЕУ.
-
Македонија 26.11.2014 17:41
Пораките на Папата не се случајни
Недвосмислена порака која има огромно значење! Познавачите на состојбите вака гледаат на вчерашната порака на Папата Францис, кој од Стразбур порача Балканот да биде интегриран во Унијата. Велат, тој вчера пристигна како државник на една земја која има огромно значење во светот.
-
Економија 26.11.2014 17:33
Владата одговори на руските барања
Уште во понеделник по дипломатски пат за Москва била испратена целокупната документација на македонските државните институции што ја побара руската федерална Агенција за санитарна и фитосанитарна контрола.
-
Македонија 26.11.2014 17:11
Полицијата ги обучува младите колку е опасна пиротехниката
Можеби е рано, но одделението за превенција при МВР веќе испрати честитка за нова година.
Во период на петарди и друга пиротехника со симулационата вежба ги подучи најмладите за последиците од нивната употреба.










