Прилепскиот тутунар, Илија Јаковлески, се надева дека дождот што заврна ќе ја поправи состојбата со реколтата во оваа сушна година. Ќе ги зголеми количествата на жолтото злато.
Дождот овозможи да има уште тринеделна берба и тоа најквалитетен тутун.
Прилепскиот тутунар, Илија Јаковлески, се надева дека дождот што заврна ќе ја поправи состојбата со реколтата во оваа сушна година. Ќе ги зголеми количествата на жолтото злато.
Дождот овозможи да има уште тринеделна берба и тоа најквалитетен тутун.
Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истражна постапка против едно лице од Неготино за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
Според ССМ, синдикалната минимална кошница месецов изнесува 65.077 денари. Намалена е за 430 денари споредено со август годинава, кога беше 65.507 денари.
Со изнајмен стан од 60 метри квадратни, пак, изнесува 80.452 денари.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утрово ќе биде ведро и посвежо, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15 степени Целзиусови, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави по повод учеството на 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
Избувна оган и над селото Батинци, едниот крак претставувал закана и за куќите и населението. Се гаснело и од копно и од воздух. За три часа пожарот е ставен под контрола.
Три противпожарни возила, 12 пожарникари први влегле во битка со огнот.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против тројца осомничени за кривично дело – Изнуда од член 258 од Кривичниот законик.
По случувањата на Блискиот Исток, каде што никој не им гарантира безбедност на археолозите, Охрид е сè повеќе на радарот на универзитетите по археологија од западноевропските земји.
Анкетите покажуваат дека ако се одржат предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе има убедлива победа, сигурни 62-63 пратеника – порача премиерот Христијан Мицкоски. Оценува дека предвремените избори значат изгубено време за реални проекти.
Десетици загинати од изутрината во Газа, бројот на жртви расте додека израелските воздушни сили жестоко го бомбардираат градот. Околу 450 илјади луѓе ја напуштија областа.