Од денеска до понеделник, ќе се одржи 64-тото издание на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Ќе учествуваат 70 поети од земјава и од странство.
Вести
-
Култура 21.08.2025 08:34
-
Култура 21.08.2025 08:28
Седница на Националната комисија за УНЕСКО во Охрид
Денеска во Охрид, ќе се одржи третата седница на Националната комисија за УНЕСКО.
По тој повод министерот за култура и туризам Зоран Љутков кој воедно е и претседател на Националната комисија ќе даде изјава за медиуми.
-
Македонија 21.08.2025 08:24
Сончево и топло со мала локална облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени целзиусови.
-
Свет 20.08.2025 20:52
САД ја проширува листата на царини за над 400 категории производи
САД ја проширува листата на царини за над 400 категории производи што содржат челик и алуминиум – вклучувајќи ветерници, апарати за домаќинство, тешка механизација, мебел, мотори и делови за возила.
-
Македонија 20.08.2025 20:35
Алиу: Лекарите по семејна медицина имаат суштинско значење во системот
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа работна средба со претседателот на Здружението на лекари по семејна медицина (ЗЛОМ), д-р Драган Ѓоргиевски и со претставници од Здружението, на која се разговараше за повеќе актуелни теми, со фокус на унапредување на електронското здравство и можно
-
Македонија 20.08.2025 20:22
Еден осомничен за разбојништво во скопско Бучимци
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-
Култура 20.08.2025 20:05
Ретроспективна изложба на Жанета Вангели во „Чифте амам“
Ретроспективна изложба на Жанета Вангели ќе биде отворена утревечер, во 20 часот, во „Чифте амам“. Кураторка на проектот е Маја Крстевска, а стручен соработник е Горанчо Ѓорѓиевски.
-
Македонија 20.08.2025 19:35
Прв состанок на Националното координативно тело за Инструментот за реформи и раст
Министерот за европски прашања и национален координатор за Инструментот за реформи и раст, Орхан Муртезани, денеска во Министерството за европски прашања го одржа првиот состанок на Националното координативно тело за Инструментот за реформи и раст.
-
Македонија 20.08.2025 19:06
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија
Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
-
Македонија 20.08.2025 18:28
Царинска управа: На Богородица спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови
Царинските службеници на граничниот премин Богородица открија и спречија обид за криумчарење на 4.577 парчиња небезбедни лекови, скриени во багажниот простор на изнајмено возило.










