Експлозии, пожари, жртви и повредени – масовен ракетен напад низ Украина-Русија одговори на украинското гранатирање со „Сторм Шедоу“ ракети кои погодија хемиска фабрика во Брјанск. Оштетени згради во Киев, евакуации во Запорожје. Над четири области останаа без струја.
Вести
-
Свет 22.10.2025 10:56
-
Македонија 22.10.2025 10:26
Самит за Западен Балкан во Лондон
Самит за Западен Балкан во Лондон. Владината делегација што ја предводи премиерот Мицкоски, на состаноци во рамките на Берлинскиот процес. Шефот на владата синоќа на прием и кај кралот Чарлс.
Од Лондон известува Анита Димитријевска-Велковска.
-
Свет 22.10.2025 10:10
Санае Такаичи, прва жена премиер на земјата
Јапонија доби прва жена премиер, Санае Такаичи, 64-годишна конзервативна политичарка, позната како „јапонската железна дама“.
-
Свет 22.10.2025 09:47
Серија земјотреси почувствувани во Албанија
Серија земјотреси утрово се почувствувани во различни делови на Албанија.
Според податоците на сеизмолошкиот завод, во 7:06 часот земјотрес е регистриран во Драч, со магнитуда од 3,9 степени.
-
Свет 22.10.2025 09:01
Хамас предаде две тела, останува да врати уште 13
Хамас му предаде на Израел уште две тела, соопштувајќи дека сè уште ги лоцира останатите 13 кои треба да бидат вратени.
-
Македонија 22.10.2025 08:44
ЦУК: Координативен состанок со надлежните институции за подготвеност во зимскиот период
Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа координативен состанок со претставници од сите надлежни институции и организации, со цел подобра подготовка и координација за претстојниот зимски период.
-
Македонија 22.10.2025 08:27
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 22.10.2025 08:24
Трамп не сака бескорисен состанок со Путин
Засега нема планови за средба меѓу Трамп и Путин, потврди шефот на Белата куќа. Вели дека не сака да има бескорисен состанок со рускиот колега. Клучна точка на сопнување е одбивањето на Москва да ги прекине борбите на фронтот.
-
Македонија 22.10.2025 08:17
Претреси и апсења во прилепската болница
По наредба на Јавното обвинителство, Финансиската полиција влезе во прилепската болница. Се преземаат дејствија за наводи против повеќе лица за злоупотреби. Според информациите, приведени се повеќе лица поврзани со сомнежи за сторен криминал, со тендери во работењето на здравствената установа.
-
Македонија 22.10.2025 08:06
Oблачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.










