Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Максималната температура ќе достигне до 39 степени.
Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Максималната температура ќе достигне до 39 степени.
Во екот на жетвата на јачменот и пченицата во пелагониско, земјоделците задоволни од приносот, но крајно разочарани од откупната цена.
Најголемата општина во земјава засега нема проблем со водоснабдување. Дотурот на вода од акумулациите се одвива непречено. Вода во моментов има и за граѓаните, но и за земјоделците.
Вујкото бил решен да ги убие внукот и неговото малолетно дете, укажуваат сознанијата на полицијата која ги расветлила околностите за двојното убиство и самоубиството во Прилеп што ја потресе јавноста.
Во катедралната „Света Софија“ во Охрид хиротонисан и устоличен новиот владика на Дебарско-кичевската епархија. На свечената церемонија Архиепископот македонски г. г. Стефан пред царските двери во прекрасниот храм го предаде Архијерејскиот жезол на митрополитот Георгиј.
Зурли и тапани ечат во живописниот Галичник. Се одржува галичката свадба – чувар на македонската традиција и култура. Годинашните младенци Јован Филипоски и Лилјана Михајловска судбоносното „да“, го кажаа во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник.
Изминатиот период полицискиот билтен е полн со сообраќајни незгоди, кои се случуваат по должината на автопатот делница Катланово до Демир Капија, која е во надлежност на СВР Велес. Туристите кои заминуваат или се враќаат од одмор во Грција, се најчестите учесници.
Во земјава не запираат пожарите. Намалена е бројката, но закана има. Според првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување успешно се справуваме со нив.
Татко и 12-годишен син се убиени во куќата на нивни роднина во центарот на Прилеп кој по престрелката со полицијата се самоубил
Војската пристигна напомош на загрозените од поплавите во североисточна Шпанија. Арагон, Каталонија, Валенсија, Сарагоза, Навара се најдоа во средиштето на поројните дождови. За два часа паднаа и по 100 литри на квадратен метар. Уништени се патишта, мостови, домови.