Трговците од денеска во малопродажба мора да ги објавуваат цените на сите производи на веб-страниците и да ја ажурираат секоја промена. Дел од трговците бараат пролонгирање на роковите.
Известува Викторија Милевска.
Трговците од денеска во малопродажба мора да ги објавуваат цените на сите производи на веб-страниците и да ја ажурираат секоја промена. Дел од трговците бараат пролонгирање на роковите.
Известува Викторија Милевска.
Вообичаено пред празниците цените рипнаа, се жалат граѓаните. Но, се подготвуваат за семејната трпеза. Раздвижено е на пазарите. Јајцата на европскиот пазар се поскапени за над три ипол проценти. Каква им е цената кај нас и што најчесто се купува наспроти празникот?
Вчера во 06.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.В.(21) од Куманово, информираат од МВР.
Основното јавно обвинителство Кочани, постапувајќи во предметот во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“, до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на определената мерка куќен притвор во мерки на претпазливост за двајца осомничени во својство поранешни директори на Државниот пазарен и
45 пациенти повредени во кочанската дискотека се на лекување во странство. Во текот на денот еден пациент треба да се врати од Ниш, и ќе биде згрижен на Клиниката за хируршки болести Свети наум Охридски. Некои од шеесет пациенти кои се во домашните клиники ќе бидат пуштени дома.
На Велипеток храмовите отворени, ама е тивко и достоинствено. Верниците се на целивање на најтажниот ден, на распнувањето и оплакувањето на Исус Христос. Строг пост е.
Охридската болницата се екипира пред стартот на туристичка сезона, кога има двојно повеќе работа. Се решава проблемот со недостиг на лекари. Се вработуваат седум доктори специјализанти од охридско струшкиот регион.
Консултации на Советот за безбедност за прекинот на огнот во руско-украинската војна. Рускиот претставник изрази скептицизам за прекин на огнот. Посочи дека имало обид за ограничен прекин на огнот на енергетската инфраструктура што не бил почитуван од украинската страна.
Вчера во 19.30 часот на граничната линија помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица забележале пет лица при обид илегално да ја преминат државната граница.
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат од МВР.