Македонија денеска ги бојкотира маркетите поради високите цени на прехранбените производи. И прилепчани го поддржуваат бојкотот, но бараат и засилени марки за запирање на дивеењето на ценовните шокови.
Известува Елизабета Митреска.
Македонија денеска ги бојкотира маркетите поради високите цени на прехранбените производи. И прилепчани го поддржуваат бојкотот, но бараат и засилени марки за запирање на дивеењето на ценовните шокови.
Известува Елизабета Митреска.
Регулаторната комисија за енергетика треба да пресече дали парното ќе има нова цена. ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ Производство поднесоа барања за зголемување на цената за 13, односно 20 проценти.
Израел ослободи 110 палестински затвореници откако привремено ја стопираше размената во знак на протест по хаотичните сцени и куп навреди кои ги претрпеа заложниците за време на предавањето од Хамас.
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година трае од 1-ви до 5-ти февруари 2025 година.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска, поради водоводен приклучок на ф 200 мм на ул Јордан Мијалков бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул, Јордан Мијалков и Фискултурното училиште „Методија Митевски Брицо“ од 08:00ч до завршување со работните обврски.
Утрово е најстудено во Берово, Маврови Анови, Лазарополе и на Попова Шапка, нула степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 35 сантиметри.
Годинашната меѓународна награда „Гоцева мисла“, во пресрет на 4-ти февруари, роденденот на Гоце Делчев, им се доделува на Јон Деаконеску од Романија, Зоран Пејковски од Македонија и Никола Шимиќ Тонин од Хрватска.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, од денеска е во дводневна работна посета на Загреб, соопшти партиската прес-служба.
Филипче ќе има средба со претседателот на Социјалдемократската партија на Хрватска (СДП) Синиша Хајдаш Дончиќ.
Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележа умерено силен земјотрес во Далмација во 5.02 часот.
Епицентарот бил во близина на островот Шолта, 22 километри југозападно од Сплит.
Граѓаните преку социјалните мрежи повикаа на протест по сообраќајната несреќа што се случи на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, а во која загина 22-годишна девојка.