Утрово е најстудено во Берово, Маврови Анови, Лазарополе и на Попова Шапка, нула степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 35 сантиметри.
Вести
-
Македонија 31.01.2025 09:17
-
Култура 31.01.2025 09:10
Наградата „Гоцева мисла“ годинава ја понесоа Јон Деаконеску, Зоран Пејковски и Никола Шимиќ Тонин
Годинашната меѓународна награда „Гоцева мисла“, во пресрет на 4-ти февруари, роденденот на Гоце Делчев, им се доделува на Јон Деаконеску од Романија, Зоран Пејковски од Македонија и Никола Шимиќ Тонин од Хрватска.
-
Македонија 31.01.2025 09:06
Лидерот на СДСМ Филипче во работна посета на Хрватска
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, од денеска е во дводневна работна посета на Загреб, соопшти партиската прес-служба.
Филипче ќе има средба со претседателот на Социјалдемократската партија на Хрватска (СДП) Синиша Хајдаш Дончиќ.
-
Свет 31.01.2025 09:04
Земјотрес во Далмација
Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележа умерено силен земјотрес во Далмација во 5.02 часот.
Епицентарот бил во близина на островот Шолта, 22 километри југозападно од Сплит.
-
Македонија 31.01.2025 08:32
Граѓаните повикаа на протест на „Партизанска“ за трагичната смрт на девојчето
Граѓаните преку социјалните мрежи повикаа на протест по сообраќајната несреќа што се случи на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, а во која загина 22-годишна девојка.
-
Свет 31.01.2025 08:31
По паузата во Инџија, протестниот марш продолжува
Српските студенти го продолжуваат протестниот марш до Нови Сад откако поминаа половина од патот и преноќија во Инџија.
-
Свет 31.01.2025 08:31
Зеленски бара зголемен притисок врз Москва
Завршија спасувачките операции во Суми по рускиот напад со дронови врз станбена зграда во кој загинаа 9 луѓе, а 13 се повредени.
-
Свет 31.01.2025 08:30
Израел ослободи 110 палестински затвореници
Израел ослободи 110 палестински затвореници откако привремено ја стопираше размената во знак на протест по хаотичните сцени и куп навреди кои ги претрпеа заложниците за време на предавањето од Хамас.
-
Македонија 31.01.2025 08:29
Делови од Центар денеска без струја
ЕВН Македонија АД известува дека поради планирани зафати на електро дистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат неколку денови од општина Центар.
Од 09:00 до 16:00 часот, дел од улиците Пролет, Стале Попов и Крушевска Република во општина Центар;
-
Свет 31.01.2025 08:28
Продолжува истрагата за воздушната несреќа во Вашингтон
Истрагата за воздушната несреќа во Вашингтон во која загинаа 67 луѓе продолжува. Порнајдени се и двете црни кутии од патничкиот авион на „Американ Ерлајнс“ кои треба да дадат одговори. Надлежните велат дека добиле голем број информации чии факти допрва треба да се утврдат.










