Како функционира онколошкото одделение во штипската Клиничка болница. Ја примаат ли пациентите од регионот редовната терапија, има ли доволно онколози?
Известува Славица Величковска.
Како функционира онколошкото одделение во штипската Клиничка болница. Ја примаат ли пациентите од регионот редовната терапија, има ли доволно онколози?
Известува Славица Величковска.
Во Охридскиот регион аерозагадување во загрижувачки размери. Во ноќните часови енормна концентрација на ПМ 10 честичките во воздухот. Граѓаните се жалат, велат тешко се дише.
Известува Соња Рилковска.
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Црна Гора учествува на Конференцијата на високо ниво за регионална економска интеграција насловена „Зајакнување. Интегрирање. Раст“, заедно со своите колеги од регионот и претставници на Европската Унија.
Една третина од буџетот за исплата на пензии и социјална помош, на секој 1,7 вработен по еден пензионер. Државниот ревизор со неповолно мислење за финансиското работење на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
На вонредна прес-конференција свикана по студентските протести на Автокоманда во Белград, синоќешниот повик за дијалог од претседателот Вучиќ и по инцидентот во Нови Сад кога пред просториите на СНС тешко е повредена една студентка, премиерот на Србија Милош Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка.
Тутунарите се изненадени од рекордната реколта тутун. Досега се откупени близу 23.500 тони, а има уште 10 проценти од родот за де преземе. За Сојузот на тутунските здруженија тоа се должи на продолжената производна година, влажноста и немањето одбитоци.
Српскиот премиер Милош Вучевиќ на вонредна прес- конференција соопшти дека поднел неотповиклива оставка од функцијата. Вучевиќ информира дека утрово разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ја прифатил неговата одлука.
Театар Комедија на 29-ти јануари ќе ја прикаже премиерата на „Да живее Долна Дупка“, автор и режија Коле Ангеловски.
На владина седница денеска се очекува да помине договорот за средствата од унгарскиот заем наменети за компаниите. Од Владата очекуваат целата процедура да заврши до крајот на месецов.
Институциите задолжени со Акцискиот план за грејната сезона 2024-2025, продолжуваат со реализација на мерките што треба да дадат резултат во намалување на загадувањето на воздухот, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.