Во наредните 10 дена ќе биде донесена одлука дали Србија ќе добие нова влада или ќе се оди на избори најрано во април-изјави претседателот Вучиќ по оставката на премиерот Вучевиќ. Категорично ја отфрли можноста за формирање преодна влада.
Вести
-
Свет 29.01.2025 08:28
-
Македонија 29.01.2025 08:26
Две пленарни седници денеска во Собрание
Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе одржи две пленарни седници.
Во рамки на 33-та седница пратениците ќе расправаат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор, по скратена постапка.
-
Македонија 29.01.2025 08:22
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 70 м. има на патниот правец Струмица – г.п. Ново Село, информираат од АМСМ.
-
Македонија 29.01.2025 08:18
Премиерот Мицкоски ќе присуствува во касарната „Гоце Делчев“ каде ќе се симулира сајбер хибриден напад
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром во објектот на Воената Академија „Михајло Апостолски“ (Сина сала бр.
-
Македонија 29.01.2025 08:07
Променливо облачно, претпладне по котлините магливо
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините магливо. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд поинтензивни во западните делови, а претежно во југозападните делови со услови за краткотрајни грмежи.
-
Свет 28.01.2025 21:53
За 10 дена ќе одлучам дали Србија ќе оди на формирање на нова влада или на нови избори, најави Вучиќ
Претседателот Александар Вучиќ на вечерашната прес-конференција порача дека по оставката на премиерот Милош Вучевиќ, во наредните 10 дена ќе ги повика сите на консултации за формирање на нова Влада или ќе распише нови избори и ја отфрли можност за формирање на преодна влада.
-
Култура 28.01.2025 21:32
Операта „Кавалерија рустикана“ на сцената на Националната опера и балет
Трагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата, прикажани во операта „Кавалерија рустикана“, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе на 31 јануари со почеток во 20.00 часот.
-
Свет 28.01.2025 21:15
Масовно повлекување на производите на „Кока-Кола“ во Европа поради прекумерна содржина на хлорат
Европскиот производител на „Кока-Кола“ во Белгија денеска најави масовно повлекување на своите производи во Европа поради претерано високите нивоа на хлорат.
-
Економија 28.01.2025 20:56
Божиновска на средба со Германската стопанска комора АХК
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со претставници на германската стопанска комора (AHK Северна Македонија).
-
Свет 28.01.2025 20:34
Престрелка на границата САД – Мексико
Во близина на јужната граница на САД вчера имаше престрелка помеѓу агенти на американската гранична патрола и членови на мексикански картел.
Вооружениот инцидент се случи во близина на градот Фринтон, Тексас кога група мигранти се обиделе илегално да влезат во САД.










