Премиерот Мицкоски најави засилени контроли кај трговците кои пробале со трикови да ја изиграат мерката „новогодишна кошница“, на сметка на намалените производи ги зголемиле цените на продуктите кои најмногу се користат од страна на граѓаните.
Вести
-
Економија 24.12.2024 17:12
-
Македонија 24.12.2024 17:00
Забрана на движење на товарни возила на патниот правец кон Деве Баир
Синоќешните времени мерки за забрана на движење на товарни возила на повеќе делници и планински превои веќе се минато. Единствено забраната на сила за товарни е за оние кои се движат на патниот правец кон Граничниот премин Деве Баир.
-
Македонија 24.12.2024 16:34
ОЈО ГОКК: За тројца од „Организаторите на 27 април“ треба да важи амнестијата
Пресврт во судењето за тројца поранешни високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, откако Обвинителството дало мислење дека судењето за обвинетите во случајот познат како „Организатори на 27 април‘, за Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски треба да запре, бидејќи претходно биле амнестирани
-
Македонија 24.12.2024 16:24
Стабилно буџетирање, модернизација и подмладување на армискиот состав, приоритети во 2025-та
Стабилно буџетирање, модернизација и дополнување на армискиот состав ќе бидат приоритетите на одбраната во 2025-та година. Воениот буџет ќе биде 2,5 отсто од БДП, чиј најголем дел ќе се користи за модернизација.
-
Македонија 24.12.2024 16:01
Антикорупциска нема основа за постапување против директорот на АНБ
Антикорупциската комисија нема основа за постапување против директорот на АНБ, Бојан Христовски. По спроведените проверки антикорупционерите утврдиле дека првиот човек на тајната служба ги исполнува условите за именување на челната позиција, според законот за АНБ.
-
Македонија 24.12.2024 15:41
Кривичен ја одби жалбата на одбраната на Груби за мерката притвор
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за изречената мерка притвор и го потврди решението на судија на претходна постапка, соопштија од судот.
-
Свет 24.12.2024 15:29
Пожар избувна во Ајфеловата кула во Париз, евакуирни туристи
Пожар избувна во еден од лифтовите на Ајфеловата кула во Париз. Евакуирани околу 1.200 посетители. Пламените јазици за брзо биле ставени под контрола.
Според француските медиуми, причина за инцидентот најверојатно е прегревање на уредите во близина на електричната инсталација.
-
Македонија 24.12.2024 15:21
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Универзитетот „Мајка Тереза“
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, проф. д-р Изет Зеќири денеска потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје.
-
Македонија 24.12.2024 14:53
Викторија Трајков, учествуваше на РеСПА Академијата за интероперабилност 2024
Заменик министерката за европски прашања, доцент д-р Викторија Трајков присуствуваше на дводневниот настан „РеСПА Академија за интероперабилност 2024“, кој се одржа во Велес.
-
Македонија 24.12.2024 14:22
Тошковски на промоција на дипломирани студенти на Факултетот за безбедност
Министерот за внатрешни работи денес присуствуваше на промоција на дипломирани студенти на Факултетот за безбедност – Скопје а претходно со останатиот дел од студентите го „испија“ традиционалното „академско кафе“ коешто се одржува секоја година со студентите и професорите на факултетот.










