До петок УХМР најавува студено и ветровито време со локални врнежи од дожд. Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци.
Стевче Митревски известува од планинскиот премин Ѓавато.
До петок УХМР најавува студено и ветровито време со локални врнежи од дожд. Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци.
Стевче Митревски известува од планинскиот премин Ѓавато.
Плановите во одбраната за следната година се продолжување на стабилно буџетирање, модернизација и пополнување на составот на Армијата. Следната година ќе пристигнат сите оклопни возила, системи за противвоздушна одбрана, а ќе се почне и со набавката на нови воени хеликоптери.
На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори. Интервенцијата е извршена кај 47-годишна пациентка, со стара повреда на ахилова тетива. Пациентката е со уреден постоперативен тек.
Новогодишни желби, подароци, дедомразовци, претстави, насмеани лица. Радост пред претстојните празници. Новогодишните пакетчиња се најпосакуваните подароци. Во нив чоколади, бонбони, колачи убаво стокмени на едно место, но со можност меѓу нив да се протурка и производ со поминат рок.
Во 2025-та година платите на сите вработени во државата ќе се зголемат, но покачувањето нема да важи за функционерите. Ова денес го потврди премиерот Христијан Мицкоски за време на поставувањето камен-темелник за изградба на спортска сала во населбата Црешево, Општина Гази Баба.
Во кумановскиот Основен суд продолжи судењето против градоначалникот Димитриевски, кој е осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување, по пријава на двајца бизнисмени за изградба на станбени единици.
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) констатира дека нема основа за постапување по пријавата за судир на интереси и корупција при именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски.
Снежното невреме што го зафати Балканот предизвикува значителни проблеми на патиштата во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Србија.
Со 240 гласа „за“ и 143 „против“ романските пратеници ја изгласаа новата проевропска коалициска влада предводена од премиерот Марсел Чолаку.