Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе ја посети црквата Св. Ѓорѓи во Старо Нагоричане која претставува ремек-дело на XIV век, и во архитектонска и во сликарска смисла.
Вести
-
Култура 25.12.2024 08:50
-
Македонија 25.12.2024 08:41
Советот на Град Скопје го изгласа буџетот за 2025
Со 28 гласови „за“ и двајца „против“, Советот на град Скопје го изгласа буџетот за 2025 година. Изнесува 140 милиони евра, што е рекордна сума досега. Беа поднесени 42 амандмани од повеќе политички партии.
-
Свет 25.12.2024 08:40
Снежното невреме направи проблеми во сообраќајот на Балканот
Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија се борат со суровите зимски услови. Снежното невреме донесе прекини во сообраќајот. Бранот изобилни снежни врнежи на Балканот се движи од Медитеранот кон исток и неговото влијание слабее. Вчера снегот ја зеде првата жртва во Србија.
-
Свет 25.12.2024 08:37
Астронаутите на НАСА го честитаа Божиќ
Астронаутите на НАСА споделија празнична честитка и им посакаа убави желби на оние кои се вратија дома на земјата.
„Ние сме седуммина овде горе и ќе уживаме во друштвото и неколку малку работи што ги имаме тука со нас“, изјави Суни Вилијамс, астронаут на НАСА.
-
Македонија 25.12.2024 08:32
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила на повеќе патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција од дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
-
Македонија 25.12.2024 08:28
Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик
Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик.
-
Свет 25.12.2024 08:26
Продолжуваат преговорите меѓу Израел и Хамас
Напнати денови на Блискиот Исток – Газа под оган додека чека мир. Седум лица загинаа во Газа, тројца Палестинци на Западниот брег во последните 24 часа.
-
Македонија 25.12.2024 08:17
Јавен состанок за спроведените активности од Годишната програма за работа на АВМУ
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ќе го одржи последниот јавен состанок за 2024 година.
Како што е најавено, за спроведените активности согласно Годишната програма за работа на АВМУ, ќе говори Зоран Трајчевски, директор на АВМУ.
-
Свет 25.12.2024 08:17
Зеленски со божиќна порака за мир
Во божиќното обраќање, украинскиот претседател Зеленски истакна дека Украинците сакаат да живеат мирно на својата земја.
-
Македонија 25.12.2024 08:15
Седници на пет собраниски комисии
Во Собранието за денеска се закажани седници на пет комисии – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за политички систем и односи меѓу заед










