Државниот секретар Сашо Петрушевски, денеска оствари средба со претставници на Македонскиот полициски синдикат, на која разговараа за клучните прашања поврзани со подобрувањето на правата, условите за работа и стандардот на сите вработени во Министерството за внатрешни работи.
Вести
-
Македонија 20.12.2024 17:24
-
Македонија 20.12.2024 17:16
Посебен режим на сообраќајот од утре до понеделник во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 21 до 23.12.2024 (од сабота до понеделник) поради официјалната посета на делегација предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бид
-
Свет 20.12.2024 16:57
Србија: Нападнат опозицскиот лидер Драган Ѓилас
Сите факултети од Белградскиот и Новосадскиот факултет се во блокада, како и факултетите во Ниш и Крагуевац. Им се придружија и средношколците по што владата експресно одлучи распустот да започне во понеделник, една недела порано. Сè повеќе има и инциденти.
-
Економија 20.12.2024 16:49
Расте бројот на производи со намалени цени, инспекторите продолжуваат со засилени контроли на терен
Расте бројот на производи во „Новогодишната кошница“, намалувањето на цените е и над 10%, вели министерот за економија кој заедно со директорот на Државниот пазарен инспекторат направија обиколка во неколку маркети низ Скопје.
-
Економија 20.12.2024 16:40
РЕК Битола не испорачува електрична енергија, двата блока исклучени од мрежа
Од изутрина нашиот најголем електроенергетски потенцијал РЕК Битола не испорачува електрична енергија. Ако третиот блок од поодамна беше исклучен согласно со планот за производство изутринава за само шест минути од мрежа испаднаа преостанатите две термоелектрани.
-
Македонија 20.12.2024 16:26
И Вања и Панче претрпеле тешко физичко страдање пред да бидат убиени
Вања Ѓорчевска била жива кога од зад грб ѝ било пукано во глава од половина метар – ова го покажала обдукцијата и материјалните докази, изведени пред Кривичниот суд. И таа и Жежовски биле усмртени со куршуми со ист калибар-9 милиметри.
-
Македонија 20.12.2024 16:08
Скопје се подготвува за викенд без вода
Се полнат шишиња, кади, се празнат маркети, скопјани се подготвуваат за прекинот со водоснабдување во голем дел од метрополата. До недела вечер ќе нема вода, ќе се работи на санација на дефект на водоводна цевка.
-
Македонија 20.12.2024 15:57
Претрес во Куманово, пронајдени пиротехнички средства
На 19.12.2024 во 20.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.К.(36) од Куманово, информираат од МВР.
При претрес во неговиот продажен објект, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 500 парчиња пиротехнички средства.
-
Свет 20.12.2024 15:27
Во руски напад оштетена македонската амбасада во Киев
Руски ракети завршија во зградата каде што се сместени шест амбасади во Киев, меѓу кои и македонската. При нападот нема повреден дипломатски персонал, но причинета е материјална штета. Министерството за надворешни работи и трговија најостро ги осуди последните ракетирања од руската армија.
-
Македонија 20.12.2024 14:58
Не стивнуваат реакциите по бегството на Груби
Премиерот Мицкоски со порака до опозицијата да си ги коригираат изјавите во јавноста. Една личност дава различни изјави на различни места и, како што рече, тие се последниот столб во одбрана на интересите на СДСМ.










