Вања Ѓорчевска била жива кога од зад грб ѝ било пукано во глава од половина метар – ова го покажала обдукцијата и материјалните докази, изведени пред Кривичниот суд. И таа и Жежовски биле усмртени со куршуми со ист калибар-9 милиметри.
Вести
-
Македонија 20.12.2024 16:26
-
Македонија 20.12.2024 16:08
Скопје се подготвува за викенд без вода
Се полнат шишиња, кади, се празнат маркети, скопјани се подготвуваат за прекинот со водоснабдување во голем дел од метрополата. До недела вечер ќе нема вода, ќе се работи на санација на дефект на водоводна цевка.
-
Македонија 20.12.2024 15:57
Претрес во Куманово, пронајдени пиротехнички средства
На 19.12.2024 во 20.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.К.(36) од Куманово, информираат од МВР.
При претрес во неговиот продажен објект, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 500 парчиња пиротехнички средства.
-
Свет 20.12.2024 15:27
Во руски напад оштетена македонската амбасада во Киев
Руски ракети завршија во зградата каде што се сместени шест амбасади во Киев, меѓу кои и македонската. При нападот нема повреден дипломатски персонал, но причинета е материјална штета. Министерството за надворешни работи и трговија најостро ги осуди последните ракетирања од руската армија.
-
Македонија 20.12.2024 14:58
Не стивнуваат реакциите по бегството на Груби
Премиерот Мицкоски со порака до опозицијата да си ги коригираат изјавите во јавноста. Една личност дава различни изјави на различни места и, како што рече, тие се последниот столб во одбрана на интересите на СДСМ.
-
Македонија 20.12.2024 14:42
Мисајловски: Продолжуваме со придонесот во КФОР кој ја зацврстува регионалната безбедност
„Македонската Армија ќе го продолжи својот придонес во мисијата на НАТО на Косово, КФОР зашто на тој начин се зацврстува безбедноста и стабилноста во регионот.
-
Македонија 20.12.2024 14:35
Редизајн на националниот портал за услуги
Чекањето во редици, одењето од шалтер на шалтер, давањето подароци на службениците за нас е сè уште реалност, рече министерот за дигитална трансформација, Андоновски.
-
Македонија 20.12.2024 14:21
МНР: Нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев.
-
Економија 20.12.2024 13:58
Димитриеска-Кочоска: Обезбедени 500 милиони евра по поволни услови за целосна и навремена отплата на Еврообврзницата во јануари
Петстотини милиони евра поволни средства се обезбедија од унгарската Експорт-импорт банка за редовно и целосно сервисирање на обврските коишто доспеваат во јануари 2025 година по основ на издадена Еврообврзница во 2018 година.
-
Економија 20.12.2024 13:40
Откупот на тутун се одвива со забрзано темпо
Откупени две третини од годинашниот род на тутунот, а просечната цена околу 400 денари. Колку тутунарите се задоволни, од еден од откупните пунктови известува Елизабета Митреска.










