Синдикалната минимална кошница за септември 2026 година изнесува 69.432 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Во однос на августовската вредност од 68.675 денари, кошницата е зголемена за 757 денари.
Синдикалната минимална кошница за септември 2026 година изнесува 69.432 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Во однос на августовската вредност од 68.675 денари, кошницата е зголемена за 757 денари.
Киев и Москва под силен бран на напади со дронови. Украинските сили извршија еден од најжестоките удари врз Москва од почетокот на војната – погодена е рафинерија, има загинати и повредени. Во исто време, во руските напади во Киевската област загинаа жена и нејзиното дете.
Со приближување на грејната сезона, расте бројот на повици до оџачарите. Во Куманово, дел од домаќинствата сè уште се греат на дрва. Дино, еден од ретките оџачари од североистокот посочува побарувачката во моментов е голема, а мал бројот на овие занаетчии.
Производителите на црвени пиперки од струмичко бараат државна помош со оглед на катастрофално ниските откупни цени на куртовската капија оваа сезона.
Две лица загинаа, а три се повредени во сообраќајна незгода која се случила синоќа на автопатот Куманово-Скопје.
Незгодата се случила во близина на Агино село, помеѓу две патнички возила мерцедес со скопски регистарски таблички и опел корса со исто така скопски регистарски таблички.
Пишува текстови, одговара на имејл пораки, преведува, креира фотографии, видеа, анализира податоци, па дури и имитира човечки глас. Вештачката интелигенција, граѓаните сè почесто ја користат и како напреден пребарувач кој ги сумира, џвака и практично на тацна ги сервира информациите.
Илјадници граѓани четврта ноќ по ред протестираа на плоштадот „Скендербег“ во Приштина против првостепените пресуди за поранешните водачи на ОВК – Тачи, Весели, Красниќи и Селими.
Протестите под мотото „Не во мое име“ се шират и надвор од земјата.
Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд и наместа појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Со музички перформанс и проекција на македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума, свечено беше отворено 47. издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“. Лауреат на наградата „Златна камера 300“ за животно дело е кинематограферот Дан Лаустсен.
Вечерва во Центарот за култура во Битола свечено ќе биде отворено 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
Годинава фестивалот носи рекорден број филмови, богата едукативна програма и импресивна листа на светски познати кинематографери.